Спорт
Естанге: Јас сум за универзалност на Игрите, но ИОЦ ќе одлучи за Русите и Белорусите
Шефот на организациониот комитет на Олимпијадата во Париз 2024, Тони Естанге вели дека Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) одлучува кој ќе учествува на Игрите, по барањето на Украина да не им се дозволи настап на руските и белоруските спортисти ниту под неутрално знаме.
Етанге, кој е трикратен олимписки шампион во кајак на диви води, вели дека сака Олимпијадата да продолжи да биде симбол на „универзалност“, односно дека Русите и Белорусите треба да бидат на Игрите, но дека одлуката ја носи ИОЦ.
„Париз 2024 не одлучува за тоа кој ќе учествува на Игрите, тоа го прави ИОЦ, и Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ). Интернационалните федерации имаат свои правила“, вели Естанге.
Претходно и од канцеларијата на францускиот претседател, Емануел Макрон потврдија дека тој го поддржува правилото за настап на сите спортисти под неутрално знаме. Од друга страна Полска бара „коалиција“ од 40-тина земји кои ќе побараат бојкот на Русија и Белорусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Паскал Грос се врати во Брајтон
Првиот ден од новата година e договорен првиот трансфер во англиската Премиер лига, во зимскиот преоден рок.
Брајтон одлучи да го врати својот долгогодишен играч Паскал Грос од Борусија Дортмунд.
Германскиот играч за врска го носеше дресот на „Галебите“ од 2017 до 2024 година и практично стана легенда на клубот, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд.
34-годишниот играч за врска има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, но на Брајтон му е потребен веднаш, па ќе платат отштета од 1.500.000 евра за Грос.
Потребно им е искуството на Грос на галебите“, бидејќи потенцијално им се заканува борба за опстанок. Моментално се на 14-то место на табелата со 25 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
Домен Превц го прелета Гармиш Партенкирхен
Домен Превц продолжува да доминира на новогодишната турнеја на Четири скокалници.
По триумфот во Оберстдорф, брилијантниот Словенец го прослави првиот ден од Новата година со победа во Гармиш Партенкирхен.
Првиот скок беше на 143, вториот на 141 метар, доволно за 303,1 бод и уште една убедлива победа. Ова беше негова седма победа оваа сезона.
Втор беше Австриецот Јан Херл, кој освои 287,7 бода, што беше дури 15,5 бода помалку од одличниот Превац.
Неговиот сонародник Стефан Ембахер се искачи на најниското место на подиумот со вкупно 287,1 бод.
Превц убедливо води во генералниот пласман на турнејата, а секако и на Светскиот куп. Следното натпреварување во рамките на Турот се одржува во Инсбрук на 4 јануари.
Foto/ EPA/ANNA SZILAGYI
Domen Prevc show! Słoweniec odlatuje rywalom w Garmisch-Partenkirchen! Kacper Tomasiak na ósmym miejscu! #GaPa #skijumpingfamily #4hills pic.twitter.com/nZKxxGZshb
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) January 1, 2026
Спорт
ТАА би можел да се врати во Премиер лигата и да ги шокира навивачите на Ливерпул
Во последниот ден од 2025 година, некако под радарот мина фудбалски трач што би можел да ја одбележи целата година: Трент Александар-Арнолд би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед…
Како што објавува шпанскиот „Фихајес“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја повторат историјата и преку Мадрид да се засилат со поранешен фудбалер на најголемиот ривал, Ливерпул.
За потсетување, во 2009 година, Мајкл Овен се пресели од Ливерпул во Реал Мадрид, а потоа неколку години подоцна им се придружи на „Црвените ѓаволи“.
„Црвените“ никогаш не му простија, а малку е веројатно дека ќе му простат откако освојувачот на Златната топка неодамна го обвини клубот дека никогаш не се вратил.
Сега Трент би можел да ги следи неговите стапки, наводно Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра.
🚨 Manchester United are prepared to table a €40M bid for Real Madrid right-back Trent Alexander-Arnold as they explore reinforcements in defence.
Manchester City and Newcastle United are also monitoring the situation, with competition building for the England international’s… pic.twitter.com/hvj23NoN51
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 31, 2025
Трент го засили Реал ова лето, но не се етаблираше како прва опција на позицијата десен бек. Тој одигра само 500 минути во 11 натпревари во сите натпреварувања.
Затоа, се очекува разделба, но дали навистина станува збор за заминување во Јунајтед? Истиот извор известува дека Сити и Њукасл ја чекаат својата шанса.
Foto/ depositphotos

