Спорт
Евролига: Германски шок за Фенербахче и ЦСКА
АЛБА Берлин успеа да ги заддржи ЦСКА Москва на само 37 поени во првото полувреме за да стигне до импресивна 93:88 победа во Русија, а убавиот петок за германските екипи во Евролигата го продолжи Баерн Минхен со 75:71 победа на гости кај Фенербахче.
Симоне Фонтекио постигна 20 поени, Маодо Ло додаде 15, додека Маркус Ериксон имаше три тројки за да заврши со 13 поени за АЛБА, но победата, прва за АЛБА во четвртото коло на Евролигата, дојде од фантастичната игра во одбраната.
За ЦСКА, Никола Милутинов во своето деби за рускиот клуб во Евролигата имаше само 4 поени, без да се обиде да шутне, Мајк Џејмс имаше 27 поени, а Вил Клајбурн заврши со 25 поени.
Баерн пак, губеше со 20 поени на полувреме (45:25), но направи целосен пресврт во третата четвртина за голема победа на Босфорот. Владимир Лучиќ имаше 18 поени за Баерн со 5 скока, додека Џејлон Рејнолдс додаде 17 поени и 8 скока. Ова е втора победа за Баерн оваа недела, откако претходно ги победија Макаби на гости и сега имаат 3-1 скор.
ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО
ЦСКА Москва – Алба Берлин 88:93 (19:17, 32:30, 14:21, 23:25)
Фенербахче – Баерн Минхен 71:75 (28:9, 17:16, 13:23, 13:27)
Олимпијакос – Макаби Тел Авив 85:82 (15:22, 29:18, 25:26, 16:16)
Милано – Реал Мадрид 78:70 (10:19, 21:23, 23:13, 24:15)
Басконија – Химки 77:60 (15:18, 20:18, 19:11, 23:13)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

