Спорт
„Федерер во јули знаеше дека е готово“
Пјер Паганини, кондициониот тренер на Роџер Федерер, истакна дека сопственикот на 20 грен слем титули и најпопуларен тенисер на денешницата уште во јули знаел дека е време да ја заврши кариерата.
Швајцарецот минатата недела објави дека се повлекува од спортот и дека последен турнир ќе му биде егзибициониот натпревар Лејвер-куп, кој ќе се игра од петок до недела во арената „О2“ во Лондон.
„Во јули веќе знаевме дека е готово. Се обидовме да му ја продолжиме кариерата со комбинирање разни елементи на тренинзите, но не успеа“, изјави Паганини.
Последниот официјален турнир на кој Роџер играше беше Вимблдон минатата година. Неизвесно е дали воопшто ќе игра на својот проштален турнир.
„Тој ќе одлучи во последен момент. Последниве денови тренира, ќе види како ќе се чувствува. Сите сме возбудени поради тоа што се случува во Лондон. Верувам дека ќе излезе на теренот и дека публиката ќе има можност да го поздрави“, изјави Паганини.
Федерер пристигна во Лондон и во друштво на Стефанос Циципас и тренерот на Тим Европа, Бјерн Борг го одработи првиот тренинг.
Fedeborgipas ???? pic.twitter.com/aK2acggz2B
— Stefanos Tsitsipas (@steftsitsipas) September 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кубарси го продолжи договорот со Барселона – откупната клаузула изнесува 500 милиони евра
Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси (17) го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави клубот. Откупната клаузула во договорот изнесува 500 милиони евра.
Пау Кубарси, кој беше вклучен во првиот тим од тренерот Чави Ернандез минатиот јануари, доживеа метеорски подем и се етаблира како стартер практично од своето професионално деби.
Каталонецот беше повикан во шпанската репрезентација по само десет одиграни натпревари во прифесионалната кариера, а веројатно ќе биде и во составот на Шпанија на Европското првенство во Германија.
Спорт
Скариоло го продолжи договорот со Шпанија
Италијанскиот стручњак Серхио Скариоло го продолжи договорот со Кошаркарскиот сојуз на Шпанија. Ќе остане на функцијата селектор до 2028 година.
Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.
Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири пати беше европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), од ОИ има сребро во 2012 година и бронза во 2016 година.
Кошаркарите на Шпанија се уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз. Пласманот ќе се обидат да го обезбедат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.
Спорт
(Видео) Мазрауи не е во офсајд, Баерн е оштетен
Телвизијата „BeIN“, понуди доказ дека баерн Минхен синоќа е оштетен во полуфиналниот реванш против Реал во Мадрид.
Спорна е ситуацијата во 13.минута од судиското надополнување на времето, кога помошникот на главниот судија, Марчињак, го крена знаменцето поради офсајд. Марчињак се огласи со свиреж и ја прекина акцијата на Баерн во моментот кога Д елихт постигна гол.
„Погрешно е одлукатс да се поништи голот на баерн. Де Лихт е во офсајд, но не учествува во акцијата. Топката доаѓа до Мазрауи кој се враќа назад, Милер ја зема и му додава на Де Лихт кој беше во регуларна позиција. Се огласи Марчињак, порад што ВАР не можеше да се активира“, изјави судискиот експрет на „Марка“, Павел Фернандеш.
Со оваа констатација се согласива и пензионираниот шпански судија Матеу Лахоз.
Телевизијата „BeIN“, ги повлече линиите и покажа дека Мазрауи не бил во недозволена позиција и дека судијата дефинитивно погрешил.
🚨🎥| Here's the video from beIN Sports explaining that Noussair Mazraoui was onside. pic.twitter.com/EDsWukwuRx https://t.co/yfJNV3IsqV
— CentreGoals. (@centregoals) May 9, 2024