Спорт
ФИФА го одби Чиле, Еквадор останува на Светското првенство
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди претходната одлука и ги отфрли жалбите на Чиле и Перу потврдувајќи дека Еквадор ќе остане на Светското првенство во Катар и покрај сомнежите дека играле квалификации со Бајрон Кастијло, фудбалер со сомнителни документи, кој наводно е роден во Колумбија.
Комисијата за жалби на ФИФА ги одби последните тврдења на Чиле и иако даде многу малку детали за својата одлука, потврди дека фактот што Кастилјо и постојаното жителство во Еквадор било доволно да се стигне до заклучок дека смее да игра за нивната репрезентација. Чилеанската фудбалска федерација ќе се обиде да направи уште еден обид да ја собори оваа одлука и да го спречи Еквадор да настапи на мундијалот со жалба кај Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана.
Дискусијата за Кастијло, кој игра професионално во мексиканската лига, трае неколку месеци откако Еквадор беше една од четирите репрезентации што директно се пласираа на првенството, покрај Бразил, Аргентина и Уругвај. Чиле бараше на осум меча во Еквадор да биде доделен службен резултат (3:0), со што Чиле би се искачил на четвртото место на табелата и би добил директно место на мундијалот. На нивната тужба се приклучи и Перу, кој беше петтопласиран и го загуби баражот против Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.