Контакт

Спорт

Флорентино Перез на крајот ја дозна платата на претседателот на УЕФА

Објавено пред

Претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин, заработил 2,19 милиона евра во 2019/2020, зголемување од 450.000 од претходната година, објави италијанската веб-страница „Калчо е финанца“ одговорајќи му на прашањето на претседателот на Реал Мадрид и креатор на Суперлигата, Флорентино Перез.

Перез, зборувајќи за нетранспарентноста во УЕФА, изјави дека знае колку заработува НБА-ѕвездата Леброн Џејмс бидејќи тоа е јавно, но дека никој не знае колку заработува претседателот на УЕФА, една од најмоќните спортски организации на светот.

Според „Калчо е финанца“, основната плата на Чеферин, без бонуси, е 2,19 милиона евра и тој не е единствениот што добил зголемување на платата за време на кризата со коронавирусот. Генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис, добил покачување од 164.000 евра за годишна плата од 1,23 милион евра, но без бонуси поради Ковид-19. Од друга страна, платата на потпретседателите на УЕФА падна за 12.500 евра, а членовите на Извршниот комитет имаат за 8.000 евра помала плата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Кој ќе си „заработи“ пежо од Sport Life?

Објавено пред

Остана уште малку време до крајот на акцијата „Двојна шанса за Peugeot 3008” на Sport Life. Во неа, типувачите, членови на СЛ клубот се натпреваруваат за новиот кросовер на пежо, а во игра се не едно, туку две возила. Се одбираат натпревари од посебната акциска понуда, од која дури 50 натпревари може да се наредат на тикет. Висината на вкупниот погоден коефициент на еден добитен тикет ќе го одреди победникот и добитник на едното возило, додека второто возило е за носителот на тикетот со највисок погоден вкупен коефициент, на кој има еден промашен пар.

Двојната трка за освојување на атрактивниот СУВ, ќе трае до крајот на овој месец, по што ќе ги дознаеме најдобрите и најсреќните типувачи на Sport Life. Текот на играта и играчите со највисоки освоени коефициенти во моментов, можете да ги видите на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life.

Со учество во натпреварот се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот. Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари, а на крајот некој ќе си замине и со францускиот СУВ-пежо 3008.

Прикажи повеќе...

Спорт

Идеалниот тим на Буфон: Од Малдини и Баџо до Роналдо и Мбапе

Објавено пред

Џанлуиџи Буфон, вчера објави дека нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека по завршувањето на сезоната, втор пат во кариерата ќе го напушти клубот.

Во чест на Буфон, порталот „Livescore“, го објави идеалниот тим составен од неговите соиграчи од репрезентацијата и клубовите за кои настапувал (Парма, Јувентус, ПСЖ).

Во екипата покрај Буфон се: Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Алесандро Неста, Паоло Малдини – Андреа Пирло, Павел Недвед, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро – Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе.

Инаку, 43-годишниот Буфон, не соопшти дали заминувањето од Јувентус значи и крај на неговата кариера.

Џиџи Буфон е рекордер во Серија А, досега во кариерата одиграл 656 натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Надал: Големата тројка нема вечно да трае

Објавено пред

Рафаел Надал, попладнево, против талентираниот Јаник Синер, ќе го започне настапот на Мастерсот во Рим. Шпанецот, минатата недела испадна во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид, а во Монтер карло стигна до полу-финалето.

Целта на Надал е да влезе во вистинската форма пред почетокот на Ролан Гарос, турнир на кои има 13 титули.

Надал не е загрижен што од почетокот на сезоната, никој од големата тројка не освои трофеј на Мастерс турнирите.

„Тоа е нормално. Имаме нова генерација на млади играчи, добри се. Ние имаме 34, 35 и 39 години. Ништо не трае вечно, мора да биде подготвени да го прифатите тоа. Нормално е по 20 години да се појави нова генерација која освојува трофеи“, рекол Надал.

Шпанецот нема проблем да го прифати фактот дека полека завршува времето на големата тројка.

„Го освојувавме секој важен турнир во последните 19 години. Велам, без проблем ги прифаќам промените. Но, ќе се борам. Тоа значи дека за три недели е Грен слемот на кој обожувам да играм. Ќе се борам на Ролан Гарос да играм добро“, заклучил освојувачот на 20 Грен слем титули во кариерата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија2 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа2 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа2 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет3 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет4 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија15 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија19 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија19 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија21 час

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија22 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија22 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие