Спорт
Фото галерија – МЗТ загуби од Игокеа

Кошаркарите на МЗТ не успеаја да го добијат еден од најзначајните натпревари во сезоната. Во „Јан Сандански“, МЗТ доживеа пораз од Игокеа 78:84, во 22. коло од АБА лигата.
МЗТ сега има скор четири победи и 18 порази и е во невозможна ситуација да избори опстанок во лигата.
Фото/ Игор Паневски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мектоминеј и Шкотска ја шокираа Шпанија, Хрватска со голема победа кај Турција

Скот Мектоминеј продолжува да биде неверојатниот „џокер“ на Шкотска, откако постигна два гола за неверојатна 2:0 победа над Шпанија, прва победа на Шкотланѓаните над „фуријата“ од 1984 година. Во Бурса, пак, Хрватска се врати по разочарувачкото 1:1 реми со Велс со голема 2:0 победа над Турција.
Мектоминеј, кој постигна два гола во првиот квалификациски меч за ЕУРО 2024 против Кипар, уште во седмата минута доби одлична топка од Енди Робертсон за да го изненади Кепа Аризабалага на голот. Иако потоа, тимот на Луис де ла Фуенте се обиде да доминира во мечот и иако имаше над 60 отсто од поседот, шансите пред шкотскиот гол не беа многубројни. Наместо тоа, во 51. минута, Мектоминеј постигна уште еден гол за славна победа.
Додека за Шкотите клучен беше Мектоминеј, за „коцкестите“ тоа беше дуото Марио Пашалиќ-Матео Ковачиќ. Пашалиќ му асистираше на Ковачиќ во 20. минута за првиот гол, за вториот Ковачиќ да го постигне во судиското продолжение од првото полувреме по обидот на Пашалиќ. Со ова Хрватите се на врвот на групата Д со 4 поени, колку што имаат и Велс, кои со голот на Кифер Мур со 1:0 ја совладаа Летонија
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Шкотска – Шпанија 2:0
ГРУПА Д
Турција – Хрватска 0:2
Велс – Летонија 1:0
ГРУПА И
Косово – Андора 1:1
Романија – Белорусија 2:1
Швајцарија – Израел 3:0
Спорт
Де Брујне ја победи Германија

Кевин де Брујне имаше две асистенции во првото полувреме, за во второто да даде гол за ја предводи Белгија до импресивна 3:2 победа на гости кај Германија во пријателски меч.
Белгијците имаа неверојатен почеток на мечот – во шестата минута, Де Брујне му асистираше на Јаник Караско за рано водство, за само три минути подоцна да дојде нова асистенција до Ромелу Лукаку за шокантен старт на тимот на Ханси Флик. Германија успеа да се врати во игра во 44. минута кога беше досуден пенал, а Никлас Филкриг беше сигурен од белата точка.
Меѓутоа, Де Брујне во 78. минута ја врати предноста од два гола, за финишот на мечот да биде интересен по голот на Серж Гнабри во 87. минута.
Спорт
Синер го стопираше Рубљов, трета година во четврт-финалето во Мајами

Јаник Синер го совлада Андреј Рубљов со 6:2/6:4 за да се пласира во четврт-финалето на Мастерсот во Мајами трета година едноподруго, влегувајќи меѓу најдобрите осум без загубен сет.
Синер освои три од петте брејк топки против кои се соочи за да го подобри скорот против Русинот на 3:2. Синер освои четири гема едноподруго од 1:1 со два брејка во третиот и петтиот сет за да го освои првиот сет, за потоа во вториот да му биде доволен само еден брејк во седмиот гем за победа. Италијанецот, кој има седум АТП титули, имаше 28 директни победнички топки.
„Мислам дека сервирав подобро, можеби најдобро на овој турнир и ќе се обидам да продолжам. Тактиката беше добра, но никогаш не е лесно да имаш бомба по бомба“, вели Синер.
Во четврт-финалето е и Американецот Тејлор Фриц, кој со 6:3/6:4 го победи младиот Данец, Холгер Руне.