Контакт

Спорт

Франција ја освои титулата во Фед купот

Објавено пред

Репрезентативките на Франција ја освоија титулата во Фед купот. Франција во финалето ја победи Австралија со 3:2.

Решавачкиот поен Французинките го освоија во игра на двојки.

Комбинацијата Гарсија/Младеновиќ за 77 минути ја победи австралиската двојка Барти/Стосур со 6/4, 6/3.

Во последниот меч репрезентациите влегоа со резултат 2:2.

Водство на Франција и донесе Кристина Младеновиќ со победата над најдобрата во светот Ешли Барти 2: (2/6, 6/4, 7/6).

Австралија израмни со победата на Ајла Томљановиќ над Паулин Парментие. Томљановиќ за 94 минути игра победи со 6/4, 7/5.

Франција ја освои првата титула во Фед купот по 2003 година, додека Австралија на трофеј во ова натпреварување чека од 1974 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Армстронг жали што ја нарекуваше поранешната асистентка курва и алкохоличарка

Објавено пред

Ленс Армстронг, човекот кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс, вели дека во својата кариера најмногу жали за однесувањето кон поранешната асистентка Ема О’Рајли, дури повеќе отколку за допингувањето.

Во вториот дел од документарниот филм ЕСПН, Армстронг призна дека направил огромна грешка кога ја нарекувал О’Рајли курва и алкохоличар кога таа излезе со детали за неговото допингување.

О’Рајли беше масажерка, физиотерапевт и личен асистент на Армстронг во тимот на УС Постал од 1996 до 2000 по што во 2004 изјави дека помагала да се покријат деталите за неговото допингување. По ова, следуваа вербалните напади кон неа.

„Ќе одговорам на тоа прашање веднаш. Најлошото беше моето однесување кон Ема О’Рајли. Најверојатно најлошото“, изјави Армстронг.

Во самиот документарец О’Рајли вели дека проговорила затоа што ѝ била лута на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) бидејќи создале услови за допингување.

„Мислев дека ако проговорам. ќе направам нешто добро. Проблемот беше со УЦИ бидејќи тие го создадоа тоа. Целиот систем беше тука да го заштити велосипедистот“, вели О’Рајли.

Прикажи повеќе...

Спорт

Меси сигурно останува, заврши можноста да си замине од Барса

Објавено пред

Капитенот Лионел Меси сигурно не заминува од Барселона ова лето откога Аргентинецот реши да не ја искористи клаузулата во својот договор, која му дозволуваше да си замине пред крајот на договорот следниот јуни.

Како дел од четиригодишното продолжување на договорот во 2017, Меси вметна опција да си замине од клубот бесплатно на крајот на секоја сезона доколку го информира клубот за својата намера пред 1 јуни секоја година.

Шпекулациите за неговото заминување од „Камп ноу“ повторно се појавија пред неколку месеци кога поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, изјави дека е можно „неаѕурите“ да се обидат да го донесат. Преку социјалните мрежи самиот Меси го демантира ова и потврди дека планира да остане во Барселона барем до летото 2021 година.

За тоа дали ќе продолжи по крајот на овој договор, останува да се види, особено по јавните критики што ги упати кон водството на клубот и актуелниот тренер Кике Сетиен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фабрегас: Мурињо и со гушкањето фудбалери има своја игра

Објавено пред

Ветеранот Сеск Фабрегас вели дека неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, дури и со гушкањето на одредени пораки си играл ментални игри со својот состав.

Во разговор со Рио Фердинанд, Фабрегас зборуваше за славните тренери со кои работел и кои ги вклучуваат Мурињо, Пеп Гвардиола и Арсен Венгер. Фабрегас беше јуниор под Венгер во Арсенал по што играше под Гвардиола во Барселона пред да работи со Мурињо во Челси. Со Мурињо тој ја освои титулата во 2014/2015 и се потсети на првата средба со него.

„Жозе е најтактичкиот тренер бидејќи има еден систем што го работи навистина добро, но само со вистинските фудбалери на тие позиции. Кога првпат се сретнав со него, ми рече: ’Ми требаат двајца фудбалери, ќе го донесам Диего Коста и тебе ако сакаш’. Ми го нацрта составот на лист и ми рече дека ќе освоиме титула. Тој најдобро го играше мојот ум. Голем тренер за големи фудбалери поради тоа. Те стимулира. На пример, еден ден ќе ти прати СМС да те пофали колку добро играш, а следниот ќе ти пише дека си ѓубре. Еден ден не ме пушта за лига-купот, па ќе играш, па ќе ти даде четири дена пауза. Ако си играл добро, но сте загубиле, ќе дојде, ќе те гушне бидејќи си бил негов воин. Кога ќе видите дека тренерот гушка некој друг, а не вас, следниот ден ќе бидете подобро подготвени. Имав многу добра врска со него“, вели Фабрегас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија6 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија7 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија7 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија8 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион9 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија10 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија10 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија11 час

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија12 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија12 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија12 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет12 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет13 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет24 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие