Спорт
Галатасарај тргнале по Алиоски
Езџијан Алиоски се наоѓа на листата на желби на турскиот великан Галатасарај. Репрезентативецот на Македонија, се уште не го продолжил договорот со Лидс јунајтед кој му истекува на 30.јуни.
Доколку Лидс не му понудат нов договор на Алиоски, тогаш Галатасарај ќе направат обид да го донесат без обесштетување во Истанбул, тврдат турските медиуми.
Алиоски на „Елан роуд“ во Лидс, пристигна во 2017 година. Претходно играл во Швајцарија (Лугано, Шафхаузен).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Прв триумф за Менхенгладбах, Лајпциг го победи Штутгарт
Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах во девтотот коло ја забележаа првата победа сезонава во Бундес лигата. Борусија го „прегази“ Санкт Паули со 4:0.
Првата сезонаска победа во првенство во дресот на Борусија ја обележа напаѓачот на Босна и Херцеговина Харис Табаковиќ.
Првиот гол го постигна во 15-та, а вториот во 40-та минута за водство на Борусија од 2:0 на полувреме. Макино го зголеми резултатот на 3:0 во 75-та минута, додека Фрауло ги постави конечните 4:0 само пет минути подоцна.
Лајпциг ја продолжи успешната серија, Против Штутгарт славеа трет пат по ред, односно немаат пораз на четири од последните пет натпревари во лигата.
Лајпциг славеше победа со 3:1. Првиот гол за „биковите“ го постигна играчот на Шутугарт, Шабо во финишот на првиот дел.
Веднаш на почетокот од вториот дел од натпреварот, Диоманде го зголеми резултатот на 2:0, а Тиаго Томас намали на 2:1 во 65-та минута. Точка на натпреварот стави Ромуло во 91-та минута, кога ја искористи почетничката грешка на голманот на Штутгарт. од играта.
Резултати:
Хајденхајм – Ајнтрахт 1:1 (1:0)
(Жививадзе 32 – Кристенсен 55)
Мајнц – Вердер Бремен 1:1 (1:0)
(Видмер 36 – Фаза 86)
Лајпциг – Штутгарт 3:1 (1:0)
(Шабо 45аг, Диоманде 53, Ромуло 90+1 – Томас 65)
Сент Паули – Менхенгладбах 0:4 (0:2)
(Табаковиќ 15, 40, Макино 75, Фрауло 80).
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гризман во клубот „200“, Атлетико лесно ја победи Севилја
Атлетико Мадрид ја победи Севилја со 3:0 во 11-то коло, во Примера. „Јоганџиите“ ја забележаа третата победа во низа, четврта во последните пет натпревари во првенството, додека Севилја го забележа третиот пораз по ред и веќе има шест загубени натпревари од почетокот на сезоната. Мечот го обележа Антоан Гризман, клупската легенда го постигна 200-от гол во Примера.
Атлетико издоминира против Севилја, но отпорот на гостите од Андалузија го скриши во последните 30 минути.
Во првиот дел, Нико Гонзалес ја погоди стативата, потоа Аргентинецот пропушти уште две добри шанси. Голема шанса во овој дел од играта не реализира и Сорлот.
Севилја во првите дел се закани еднаш, преку Варгас, чии удар заврши над голот во 47-та минута. Инаку гостите најдобрата шанса ја имаа во 72-та минута кога ударот на Гудељ од 20 метри го одбрани Облак.
Атлетико првиот гол го постигна од пенал во 64-та минута, стрелец беше Хулијан Алварез. На пеналот му претходеше исклучително опасен старт на Нијансу врез Хименез.
Домаќинот ја дуплира предноста во 77-та минута. целата работа ја заврши Симеоне. Одзеде топка на 30 метри од голот на Влаходимос, ја претрча одбраната, а потоа му асистираше на Тијаго Алмада, на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Пет минути подцна Гризман не реализираше во ситуација „еден на еден“ против Влаходимос. Неговиот удар од 14 метри заврши над голот.
Францускиот ас сепак постигна гол, со десна нога во 90-та минута, негов 200-ти во дресот во Примера (во оваа бројка влегуваат и голвите постигнати за Реал Сосиедад и Барселона).
Атлетико сега има 22 бода, се наоѓа на четвртото место, Севилја е 11-та со 13 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Форест и Јунајтед ремизираа, Арсенал лесно се справи со Барнли
Фудбалерите на Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед ремизираа во дербито од 10-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ пристигнаа на „Градскиот стадион“ во одлично расположение со три победи во првенството и четири во последните пет натпревари.
Касемиро ги доведе гостите во водство во 34-та минута.
По 536 минути без гол, проклетството играчите на Шон Дајч конечно го скршија на почетокот од второто полувреме. За само две минути, Морган Гибс-Вајт и Николо Савона му донесоа пресврт на домашниот тим.
Тоа не беше доволно за сите три бода, бидејќи Амад Дијало ги постави конечните 2:2 во 81-та минута.
Во другите натпревари, Арсенал ја заврши работата против Барнли (2:0) во првото полувреме со головите на Виктор Ѓокереш и Деклан Рајс и со тоа ја зголеми предноста на водечката позиција.
Вулверхемптон продолжи да се мачи и го забележа осмиот пораз во првите 10 средби, овој пат против Фулам доживеа пораз (3:0).
Брајтон го победи Лидс со 3:0, со головите на Дени Велбек и Диего Гомес (2). Тоа беа првите голови на Парагвајецот за „Галебите“ откако му даде четири гола на Барнсли во купот.

