Спорт
Гаспарт: На Меси не му се допаѓа насоката во која оди Барселона
Лионел Меси постојано ѝ праќа предупредувања на управата на Барселона дека не му се допаѓа насоката во која се движи клубот, тврди поранешниот претседател на клубот, Жоан Гаспарт.
Аргентинецот подолго време го одложува потпишувањето нов договор, а неодамна се појави веста дека тој има клаузула во договорот со која може да замине на крајот на сезоната. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ не најавил дека ќе замине од единствениот клуб во професионалната кариера, но неодамнешната изјава остава простор за сомнеж.
„Тоа што можам да го кажам е дека сакам да бидам во Барселона колку е можно подолго. Го кажував тоа за време на целата кариера – ова е мојот дом. Но, не сакам да имам долгорочен договор и да останувам тука само поради тоа. Сакам да бидам тука бидејќи сум важен дел од тимот. Мене парите или клаузулата не ми се мотивација, а најважно е да имаме победнички тим“, изјави Меси за каталонскиот „Спорт“.
Гаспарт вели дека оваа изјава е директно предупредување за засилување на тимот по неуспехот на Барселона да го донесе Нејмар ова лето.
„Меси е дел од филозофијата на Барса. Го познавам добро и не мислам дека се работи за директна закана за Барселона бидејќи тоа не е неговиот стил. Но, по секоја изјава имаше ’ама’, така што треба да сфатат дека тоа е предупредување дека не му се допаѓа правецот во кој оди клубот. Знам дека се обидоа да го донесат Нејмар, но ПСЖ бараше 300 милиони евра и тука веќе се работеше за прашање на чест“, вели Гаспарт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија победи кај Шкупи, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата
Шкендија, во Чари го доби дербиот со Шкуши и остана на челната позиција на табелата. Во последните две рунди, Шкендија и Струга влегуваат со 61 бод, три повеќе од Шкупи. На две кла до крајот на сеозната Македонија ЃП и Брегалница останаа без теоретски шанси да опстанат во лигата. Вардар до крајот ќе се бори да го избегне баражот за опстанок. Три бода од црвено-црните е оддалечен тимот на АП Брера. Работнички во вистинско време влезе во форма, има четири победи и реми во последните пет рунди и се искачи на петтото место на табелата,
Резултати 31 коло:
Работнички-Тивеш 3:1
Вардар-Македонија ЃП 1:0
Воска спорт-Силекс 2:1
Шкупи-Шкендија 0:2
Струга-Гостивар 1:0
АП Брера-Брегалница 1:1
Табела:
Спорт
(Видео) Реал гази кон титулата, Кадиз ја продолжува борбата за опстанок
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Кадиз со 3:0 во натпреварот од 34.коло на Ла Лига. Првиот натпревар за Реал оваа сезона го одигра голманот Тибо Куртоа.
Реал го продолжи походот кон титулата, која математички ќе ја обезбеди во наредната рунда.
Во однос на Барселона имаат +14, барем додека Каталонците не го одиграат својот натпревар од ова коло на Џирона (18:30 часот).
По неинтересното прво полувреме во кое немаше голови, Реал лесно го реши прашањето на победникот.
Брахим Дијаз погоди во 51. минута, по асистенција на Лука Модриќ. Џуд Белингем го удвои водството во 68. минута. Три минути по влегувањето во игра ја искористи асистенцијата на Дијаз.
Конечните 3:0 ги постигна Хоселу во петтата минута од судиското надополнување.
Кадиз и натаму е во зоната за испаѓање, со 26 бода, пет помалку од Селта од Виго, која е „над линијата“.
Спорт
(Видео) Комбинираниот Баерн падна во Штутгарт, „Вестфален“ му се поклони на Марко Ројс
Попладнево се одиграа четири натпревари во рамките на 32. коло во Бундес лигата. Во дербито Штитгарт го победи Баерн Минахен, а „Вестфален“ му се поклони на Марко Ројс, во текот на натпреварот во кој Борусија Дортмунд го декласира Аугсбург со 5:1.
Баерн со комбиниран состав му се спротивстави на Штутгарт. „Швабите“ ја искористија таа предост и предноста на домашниот терен и славеа со 3:1. Со оваа победа Штутгарт се изедначи со Баерн на второто место на табелата.
Избраниците на Себастијан Хенес поведоа со голот на Леонидас Стергиу во 29. минута.
Баерн израмни осум минути подоцна со голот на Хари Кејн од пенал.
Баварците можеа да направат целосен пресврт, имаа ситуација три на два во контранапад во 80. минута, но ударот на Александар Павловиќ беше изблокиран.
Веќе во 83. минута стигна казната, Силас испрати центаршут на втората статива, таму добро со глава реагираше Вујонг Јеонг и го матираше Мануел Нојер за 2:1.
Победата на домашниот тим ја потврди асистентот за вториот гол, Силас, кој погоди во третата минута од судиското надополнување.
Слично како Баерн и Борусија Дортмунд настапи со комбиниран состав, но тоа не беше пречка да го декласираат Аугсбург со 5:1.
Напаѓачот на Борусија, Јусуф Мукоко уште во четвртата минута му го отвори резултатот, а 15 минути подцна Мален зголеми на 2:0.
Намали Рубен Варгас во 32. минута, но само две минути подцна миленикот на навивачите Марко Ројс зголеми на 4:1.
Домашните го постигнаа петтиот гол кога Феликс Нмеча погоди во 64. минута.
Стоечки овации од цел Вестфален две минути подоцна доби клупската легенда Ројс – кој неодамна откри дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.
Попладнево Волфсбург го победи Дармштад со 3:0, а Вердер и Борусија Менхенгладбах ремизираа 2:2.