Спорт
Ѓоковиќ ќе игра на АТП купот во Сиднеј

Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија на АТП купот во Австралија. Ова репрезентативно натпреварување ќе се одржи од 1. до 9.јануари во Сиднеј. Учеството на Ѓоковиќ го потврди АТП.
Учеството на АТП купот со голема веројатност значи дека Ѓоковиќ ќе учествува и на Австралија опен.
АТП купот се одржува во Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс, каде што епидемиолошките мерки за влез не се толку ригорозни како што се во државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн.
Србија ќе биде во А-групата на АТП купот, а противници ќе и бидат Шпанија, Норвешка и Чиле.
Групата Б ја предводи бранителот на титулата Русија. Во групата се Австрија, Австалија и Италија.
Германија, Канада, Велика Британија и САД се во Ц-групата, а Грција, Полска, Аргентина и Грузија се во групата Д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Поради Израел одложена ждрепката на СП У-20

Ждрепката за Светското првенство на ФИФА, за играчи до 20 години во Индонезија, следната недела ќе биде одложена, изјави извор за Ројтерс откако гувернерот на Бали одби да биде домаќин на израелската репрезентација.
Фудбалскиот сојуз на Индонезија (ФСИ), објави дека ждрепката закажана за петок е откажана и ФИФА се уште врши проверки за подготвеноста на турнирот.
Турнирот со 24 тима треба да се одржи од 20 мај до 11 јуни во шест градови во Индонезија, а Израел ќе го има своето деби во натпреварувањето.
„Џакарта пост“ објави претходно овој месец дека гувернерот на Бали, Вајан Костер, напишал писмо до Министерството за млади и спорт барајќи од нив „да усвојат политика за забрана на израелскиот тим да се натпреварува на Бали“, поради конфликтот со Палестина.
На почетокот на овој месец, демонстрантите маршираа низ главниот град Џакарта, веејќи знамиња на Индонезија и Палестина, барајќи да не му се дозволи на Израел да учествува на првенствот.
Населението на Индонезија е претежно муслиманско. Повеќето индонезиски муслимани практикуваат умерена верзија на исламот, но во последниве години е забележан пораст на верскиот конзерватизам кој навлезе во политиката.
Во текот на изминатата година, израелските сили уапсија илјадници луѓе на Западниот Брег и убија повеќе од 200 Палестинци, вклучувајќи борци и цивили. Во меѓувреме, повеќе од 40 Израелци и тројца Украинци беа убиени во палестинските напади.
Ако Индонезија ги загуби правата за домаќин како резултат, членот на Извршниот одбор на ПССИ, Арија Синулинга, рече дека е загрижен дека санкциите на ФИФА би можеле да го „изолираат индонезискиот фудбал од светот“.
Синулинга рече дека се надева на решение каде политиката може да се одвои од спортот, а нејзиниот претседател Ерик Тохир треба да се координира со Министерството за надворешни работи и Министерството за млади и спорт.
Спорт
Гави е во чудна е ситуација по одлуката на судот
Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави (18)со Барселона, по што тој беше избришан од тимот на Барселона на официјалниот сајт на Ла Лига. Ла Лига порача дека Гави не го сметаат за член на сениорскиот тим, туку за дел од клупската академија.
„Мундо Депортиво“, наведува дека и покрај ова Гави ќе продолжи да игра нормално за Барселона и шпанската репрезентација.
„Барселона ќе се жали на одлуката, а статусот на Гави нема да се промени до јуни. Чекаме клубот да го реши проблемот со финансирањето на платата“, објавија Шпанците.
Тие објаснуваат дека договорот на Гави, потпишан во септември минатата година, според кој тој ќе остане во клубот до 2026 година и кој содржи откупна клаузула од една милијарда евра, сè уште е валиден, но е „во мирување“.
„Мундо Депортиво“ затоа истакнува дека ситуацијата станува чудна бидејќи „не е јасно дали Гави ќе биде слободен играч на 30 јуни доколку не биде пријавен или ова важеше до крајот на зимскиот преоден рок“.
Гави има 84 настапи за Барселона, од кои 37 оваа сезона. Според „Трансфермаркт“, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра.
Спорт
Кливленд Кавалирс обезбедија место во плеј-офот

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди пласман во плеј-офот. Претходно од Истокот место во разигрувањето обезбедија Милвоки, Бостон и Филаделфија.
Кливленд, изминатата ноќ, славеа убедлива победа над Хјустон 108:91. Џерет Ален со 24 и Донован Мичел со 22 поени го предводеа Кливленд до деветтата победа во последните 11 натпревари.
Кавалирс за првпат по 2018 година изборија пласман во плеј-офот.
Резултати:
Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99