Спорт
Големата надеж на Вулвс се пресели во Арсенал
Еден од најталентираните англиски фудбалери, Брендан Кларк кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.
Кларк има само 16 години, тој му се приклучи на Арсенал од Вулверхемптон и до крајот на оваа сезона ќе игра за тимот до 18 години, по што ќе се размислува за неговата иднина.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета често ја следи ситуацијата во тимот до 18 години, чии тренер е Џек Вилшер.
Кларк е Велшанец, тој е член на кадетската репрезентација која се пласираше на ЕУРО У17 за прв пат од 1981 година и е еден од најдобрите фудбалери на таа репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кубарси го продолжи договорот со Барселона – Откупната клаузула изнесува 500 милиони евра
Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси (17) го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави клубот. Откупната клаузула во договорот изнесува 500 милиони евра.
Пау Кубарси, кој беше вклучен во првиот тим од тренерот Чави Ернандез минатиот јануари, доживеа метеорски подем и се етаблира како стартер практично од своето професионално деби.
Каталонецот беше повикан во шпанската репрезентација по само десет одиграни натпревари во прифесионалната кариера, а веројатно ќе биде и во составот на Шпанија на Европското првенство во Германија.
Спорт
Скариоло го продолжи договорот со Шпанија
Италијанскиот стручњак Серхио Скариоло го продолжи договорот со Кошаркарскиот сојуз на Шпанија. Ќе остане на функцијата селектор до 2028 година.
Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.
Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири пати беше европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), од ОИ има сребро во 2012 година и бронза во 2016 година.
Кошаркарите на Шпанија се уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз. Пласманот ќе се обидат да го обезбедат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.
Спорт
(Видео) Мазрауи не е во офсајд, Баерн е оштетен
Телвизијата „BeIN“, понуди доказ дека баерн Минхен синоќа е оштетен во полуфиналниот реванш против Реал во Мадрид.
Спорна е ситуацијата во 13.минута од судиското надополнување на времето, кога помошникот на главниот судија, Марчињак, го крена знаменцето поради офсајд. Марчињак се огласи со свиреж и ја прекина акцијата на Баерн во моментот кога Д елихт постигна гол.
„Погрешно е одлукатс да се поништи голот на баерн. Де Лихт е во офсајд, но не учествува во акцијата. Топката доаѓа до Мазрауи кој се враќа назад, Милер ја зема и му додава на Де Лихт кој беше во регуларна позиција. Се огласи Марчињак, порад што ВАР не можеше да се активира“, изјави судискиот експрет на „Марка“, Павел Фернандеш.
Со оваа констатација се согласива и пензионираниот шпански судија Матеу Лахоз.
Телевизијата „BeIN“, ги повлече линиите и покажа дека Мазрауи не бил во недозволена позиција и дека судијата дефинитивно погрешил.
🚨🎥| Here's the video from beIN Sports explaining that Noussair Mazraoui was onside. pic.twitter.com/EDsWukwuRx https://t.co/yfJNV3IsqV
— CentreGoals. (@centregoals) May 9, 2024