Спорт
И Бред Пит ќе има своја гаража за време на трката во Силверстон
Холивудскиот актер Бред Пит ќе има своја гаража на патеката Силверстон за време на неделната трка за Големата награда на Британија во Формула 1.
Пит почнува да го снима својот филм токму на легендарната патека. Тој ќе ја игра улогата на постар возач, кој се враќа од пензија за да се бори против почетник на патеката.
Сè уште не е познато за што точно се работи во филмот, но ликот на Пит се вика Сони Хејс, а неговиот тимски колега Џошуа Пирс ќе го игра Демсон Идрис.
Познатиот актер ќе биде зад воланот на модифициран Формула 1-болид, кој всушност е модел на Карлин од Формула 2 стилизиран со помош на Мерцедес. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, продуцент на најавениот филм, помага за сценариото на проектот за тој да биде автентичен.
Снимателите ќе го следат Пит во текот на целиот викенд, а тие сцени ќе бидат искористени во филмот. Неговото учество за време на тркачкиот викенд на Силверстон нема да влијае на распоредот за Големата награда на Британија. Планирано е Пит заедно со другите актери во претстојниот филм да снима сцени на уште некои трки оваа сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.
Спорт
(Видео) Порту ја растури Барселона, Реал ја освои титулата во Шпанија
Фудбалерите на Џирона ја победија Барселона во 34.коло со 4:2 и го промофираа Реал Мадрид во нов шампион на Шпанија. На четири кола до крајот на сезоната Реал има 13 бодови повеќе од Џирона и 14 од Барселона.
Џирона втор пат сезонава во каталонското дерби ја победи Барселона. На „Монтоливи“, вечерва избраниците на Мичел славеа со пресврт.
Кристенсен погоди за Барселона во третата, а во четвртата минута изедначи Довбик со својот 17.коло во Примера. Втор пат во историјата на Примера се случива двата тима да постигнат по гол во првите пет минути.
До крајот на полувремето, во 46.минута), Левандовски направи пресврт и Барса со 1:2 замина на одмор.
Второто полувреме мина во знакот на Порту. Крилниот напаѓач на Џирона, во само девет минути ја креираше победата на својот тим. Во 65.минута изедначи на 2:2, потоа у асистираше на Гутиерез, а во 74.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Спорт
(Видео) Покер голови на Халанд, Сити го декласира Вулверхемптон
Фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен го декласираа Вулверхемптон со 5:1, во 36. коло од англиската Премиер лига.
Блескаше Ерлинг Халанд кој постигна четири гола за домашниот тим (два од пенал). Сакаше да го постигне и петтиот поради што беше видно незадоволен и негодуваше во моментот кога Пеп Гвардиола реши да го замени во 82. минута.
Со оваа победа „Граѓаните“ ја задржаа пол-позицијата во борбата за титулата со Арсенал. На две кола пред крајот тимот од Лондон има бод повеќе, но Сити има меч помалку и доколку ги победи Фулам и Тотенхем на гости, а Вест Хем дома, ќе ја одбрани титулата шампион на Англија без разлика на резултатите на Арсенал, кој ќе гостува кај Манчестер јунајтед и ќе го пречека Евертон во последното коло.
Денеска избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија работата во првото полувреме кое го одиграа во прилично лесен ритам и го решија во своја корист со 3:0, благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд.
Во вториот дел Хванг намали на 3:1, но Халанд само 60 секунди подоцна му ја врати на Сити преднста од три гола. До крајот замената на Халанд, Хулијан Алварез во 84.минута го постави конечниот резултат.