Спорт
Историски број 1 – Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на тенисот. Српскиот тенисер, од денес е играчот кој најмногу недели бил број 1 на АТП листата. На вечната листа тој го „прескокна“, Роџер Федерер.
Ѓоковиќ прв пат во кариерата стана број 1 на 4.јули 2011 година, потоа уште четири пати во различни периоди беше на челната позиција, походот на рекордот го започна на 24.август 2020, кога шести пат стана број 1.
На вечната листа зад Ѓоковиќ (311) и Федерер (310) се наоѓаат Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс (268).
Според бодовите што ги има освоени, познато е дека Ѓоковиќ на чело на АТП листата ќе биде најмалку 317 недели.
Инаку на најновата АТП листа, во Топ 10 има само една промена, Стефанос Циципас го мина Роџер Федерер на петтото место.
Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ – 12.030
2. Рафаел Надал – 9.850
3. Данил Медведев – 9.735
4. Доминик Тим – 9.125
5. Стефанос Циципас – 6.660
6. Роџер Федерер – 6.630
7. Александар Зверев – 5.615
8. Александар Рубљов – 5.019
9. Диего Шварцман – 3. 540
10. Матео Беретини – 3.480
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.