Спорт
Карамбол-трка во Австрија – Ботас победи, Хамилтон казнет, катастрофа за Ред бул!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја искористи пол-позицијата за да стигне до победа на првата трка од новата сезона во Формула 1, Австриското ГП во Шпилберг, во која само 11 болиди ја завршија трката, а шампионот Луис Хамилтон го загуби местото на подиумот поради казна добиена за предизвикување судир.
Ботас, кој во саботата изненади со пол-позицијата, беше вистински предизвикан во текот на целата трка, додека зад него се „редеа“ инциденти и излетувања. Шарл Леклер освои „почесен“ подиум за Ферари по ужасните квалификации, додека последното место на подиумот отиде кај Лендо Норис од Мекларен, откако Хамилтон заработи 5-секундна казна за судирот во дуелот со Александер Албон од Ред бул.
LAP 61/71:
Contact between Albon and Hamilton at the restart!
Albon spins and drops to P13 #AustrianGP 🇦🇹 #F1 pic.twitter.com/5iImqmGcVR
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
За Ред бул на патеката која го носи нивното име, ова беше катастрофална трка – откако Макс Ферстапен стартуваше како втор (поради дополнителната казна која ја доби Хамилтон), имаше проблеми со болидот и мораше да се откаже, а потоа следуваше и дуелот Хамилтон-Албон во финишот на трката, кога Албон беше блиску до поминување на шампионот, пред да се удри во него.
На крајот, четвртото место му припадна на Хамилтон, Карлос Саинс во вториот Мекларен беше петти, Серхио Перез, кој беше казнет поради пребрзо возење во боксот, заврши како шести за Рејсинг поинт.
Incredible finish here 😵
Lewis Hamilton has been given a 5-second penalty for the incident with Albon, Perez has also been handed a 5-second penalty for speeding in the pit lane – both penalties will be added to their finish times.#AustrianGP 🇦🇹 #F1 pic.twitter.com/v21LCHfTHu
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кукавички потег на Меси, без топка удри противнички играч

Лионел Меси, синоќа, го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона. Каталонците, беа поразени синоќа, во Суперкупот на Шпанија, од Атлетик Билбао (2:3), а Аргентинецот беше исклучен во 120 минута.
Меси, без топка, го нокаутираше напаѓачот на Атлетик, Асиер Виљалибре.
Судијата Хесус Хил Манзано, откако ја погледна снимката, го исклучи најдобриот фудбалер на Барселона.
За меси ова е трет црвен картон во кариерата, претходно два пати, во 2005 и 2019 година бил исклучен во дресот на Аргентина.
Меси се соочува со жестока казна. Ваков прекршок, според правилникот на Ла Лига се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Спорт
Чупиќ заминува од Вардар

Иван Чупиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар. Специјализираниот ракометен поратал, Planet Handball, објави дека десното крило ќе се врати во Загреб.
Според овој извор, Чупиќ, со Загреб ќе потпише три годишен договор.
Иван Чупиќ, пет сезони е во Вардар, тој даде голем придонес во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
Спорт
Брилијантни партии на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ

Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар во поразот на Далас од Чикаго 101:117. Словенецот го забележа 29 трипл-дабл во кариерата и на вечната листа, на 15. место го мина Мајкл Џордан.
Дончиќ во лошото издание на својот тим блескаше со 36 пони, 16 скока и 15 асистенции. Словенецот во првото полувреме постигна 30 поени.
На чекор до трипл-дабл беше и Никола Јокиќ. Србинот во поразот на Денвер од Јута 105:109 забележа 35 поени, 14 скока и 9 асистенции.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира