Спорт
Лаутаро утна пенал, Болоња го шокираше Интер на „Сан Сиро“ (видео)

Ромелу Лукаку само вторпат во својата кариера постигна над 20 гола во една лигашка сезона (претходно со Евертон 25 во 2016/17), но тоа не беше доволно Интер да стигне до победа над Болоња, откако гостите во луд финиш стигнаа до 2:1 триумф.
Лукаку во 22. минута се најде во совршена позиција откако по нафрлањето на Ешли Јанг, Лаутаро Мартинез ја погоди стативата и донесе водство за „нераѕурите“. Проблемите на Болоња се зголемија откако прво во 57. минута Роберто Соријано доби директен црвен картон, за само пет минути подоцна да биде досуден пенал за домаќините.
Меѓутоа, Мартинез од белата точка не се снајде најдобро и ја упати топката директно во голманот Лукаш Скорупски. По ова следуваше казната во 74. минута, кога по ударот на Муса Џувара, Хандановиќ имаше лоша реакција.
Алесандро Бастони во 77. минута доби втор жолт картон за да ја врати рамнотежата на теренот, пред Муса Бароу во 80. минута по еден супер-контранапад на гостите да обезбеди победа за тимот на Синиша Михајловиќ.
Интер останува на третото место на табелата со 64 поени, четири пред Аталанта, и дури 11 зад лидерот Јувентус. Болоња е на деветтото место со 41 поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четврт-финални пресметки на СП во Египет

Четврт-финалните натпревари на 27.Светско првенство во ракомет ќе се одиграат денес во Египет. Актуелниот шампион Данска, од 17.30 часот, ќе игра против домаќинот Египет, додека од 20.30 часот, на програмата се натпреварите Шпанија-Норвешка, Шведска-Катар и Франција-Унгарија.
Во досегашниот тек од шампионатот победи на сите натпревари забележаа Данска и Франција, а покрај нив непоразени се и Швеѓаните, кои два пати ремизираа и четири пати победија.
Данците по импресивната победа над Хрватска ги очекува пресметка со мотивираниот домаќин.
„Секогаш е тешко кога играте против домаќинот. Очекуваме физички тешко натпревар, ќе пресуди одбраната и инспирацијата на голманите“, рекол данскиот селектор Николај Јакобсен.
Дербито ќе го одиграат Норвешка, второпласирана од последниот Мундијал и европскиот првак Шпанија. Македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат овој натпревар.
Шпанија 24 години нема пораз од Норвешка, последен пат скандинавците победиле во 1997 година, кога најдобриот норвешки играч, Сандер Сагосен имал само две години.
„Шпанија е добра тим со многу одлични играчи. Од друга стран и ние играме добро, мислам дека можеме да им се спротивставиме“, рекол Сагосен.
Швеѓаните го бркаат своето прво полу-финале по пауза од 10 години, тие го победиле Катар на последните две средби.
„Ќе ги анализираме и ќе се подготвиме. Знаеме дека физички се силна репрезентација, имаат неколку добри шутери, се издвојуваат Франкис и Капоте“, изјавил селекторот на Шведска, Глен Солберг.
Бекот на Катар, кој настапува во Порто, Франкис Марзо со 53 гола и најдобар стрелец во досегашниот тек од шампионатот.
Французите, на последниот Мундијал беа 14, во Египет ќе се обидат да дојдат до медал. Во претходните натпревари ги победија силните репрезентации на Норвешка и Португалија.
„Унгарија во минатото успевала да забележи добар резултат, но никогаш немала константност. Сега се стабилни и ефикасни. Нас не очекува најважниот меч на шампионатот. Имаме млад, нов тим, се уште некои работи не функционираат како што треба, но се наоѓаме на вистинскиот пат“, рекол селекторот на Франција, легендарниот Гијом Жил.
Последен пат Франција и Унгарија играле на ЕП во Белград, во 2012 година, победата тогаш им припадна на Унгарците.
Спорт
Џејмс ќе добие отказ во ЦСКА Москва

Лидерот во Евролигата, ЦСКА Москва, веројатно ќе ја прекине соработката со најдобриот играч, Мајк Џејмс.
Американецот, не е со тимот во Берлин, каде ЦСКА ќе игра против АЛБА во Евролигата. Минатата недела, Џејмс, инаку познат по својот незгоден карактер, се скарал со тренерот Димитрис Итудис и соиграчите.Пред неколку дена тој престнал да ги следи соиграчите и клубот на Инстаграм.
Ова ги засили шпекулациите дека ЦСКА ќе се разделат со својот најдобар играч и стрелец, иако Џејмс, минатото лето потпиша нов тригодишен договор.
Работуте во клу бот ескалирале кога челниците на ЦСКА не му дозволиле на Џејмс, да замине во САД. Тој барал дозвола да биде присуствува на погребот на својот дедо.
Поради актуелната ситуација со коронавирусот, во клубот сметале дека е премногу ризчно тој да отпатува во САД.
Спорт
Фалко од Лече во Црвена звезда

Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Филипо Фалко. Фудбалерот до крајот на денот официјално ќе стане играч на Црвена звезда.
Челниците на српскиот шампион излегоа како победници од тринеделните преговори со колегите од Лече. За трансферот на Фалко, Црвена звезда ќе издвои 1.000.000 евра, парите Лече ќе ги добие во три рати. Лече ќе добијат и бонус од 300.000 евра, доколку Црвена звезда избори пласман во Лигата на шампионите.
Фалко ќе потпише договор на две сезони, месечно ќе заработува 40.000 евра. Исто така му следува бонус од 300.000 до 500.000 евра доколку со клубот се пласира во Лигата на шампионите.
Фалко ќе биде вториот Италијанец во тимот на Црвена звезда, на почетокот на сезоната во Белград пристигна напаѓачот Диего Фалчинели.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот