Спорт
Карвахал тргна да се тепа со третиот голман на Барселона

Барселона вчера во „Ел Класико“ го победи Реал Мадрид со 2:1 и го направи клучениот чекор кон освојувањето на шампионската титула.
Барселона победи со голот на Франк Кеси постигнат во самиот финиш на натпреварт,
Десниото бек на Реал, Дани Карвахал, по натпреварот ги загуби нервите, видно исфрустриран од поразот, па влезе во конфликт со третиот голман на Барселона, Арнаут Тенас.
Тенас не не се повлече пред искусниот фудбалер, беше подготвен физички да се пресмета со Карвахал.
На крајот ситуацијата ја смируваа нивните соиграчи Тибо Куртоа и Роналд Араухо, кои ја задржаа ладнокрвноста и навреме реагираа за да ги разделат.
Arnau Tenas (Barca B Goalkeeper) pic.twitter.com/ElHaJt6zYW
— BarçaVerse (@_BarcaVerse_) March 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еден дебитант на списокот на Милевски за натпреварите со Украина и Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го обајави спискот на играчи за квалификациските натпревар против Украина и Англија.
Овие квалификациски натпревари ќе ги пропушти Бојан Миовски. Напаѓачот на Абердин се повреди пред десет дена. На спискот на селекторот има 29 играчи, дебитант е Сефер Емини.
„Морам да почнам со лошите вести. Им посакувам брзо опоравување на Бојан Миовски и на Дарко Чурлинов. Миовски се здоби со повреда, а Чурлинов е хоспитализиран во Белград и се надевам дека брзо ќе се подобри неговата здравствена состојба. Имаме еден дебитант, Сефер Емини, кој со своите игри во клубот, заслужи повик во националниот тим”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Македонија ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе и гостува на Англија.
Спорт
Перишиќ сака да го напушти Тотенхем

Иван Перишиќ (34) не е задоволен од својот статус во Тотенхем, но и воопшто од состојбата во која се наоѓа клубот. незадоволен е што Тотенхем нема да игра во европските купови, поради што сака да го напушти Лондон. „Калчомеркато“, обајави дека оваа своја одлука искусниот фудбалер им ја соопштил на клупските челници.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона за Тотенхем одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа 12 асистенции.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ сака да се врати во Интер и дека не го интересира ниту еден друг клуб. Жали што си замина од Милан бидејќи Интер сега игра финале во Лигата на шампионите.
Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е мала финансиска инјекција за италијанскиот гигант, но ситуацијата се уште е далеку од идеална. „Калчомеркато“, пишува дека Интер нема да понуди нов договор на ниту еден од играчите кои имаат 30 или повеќе години и влегуваат во последната година од договорот.
Поради тоа речиси е невозможно клупските челници да одобрат средства за да го вратат Перишиќ.
Спорт
Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

„Брера Холдингс“, неодамна купи 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од превземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името „Брера Струмица“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Со клубот влезе во подготвките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.