Спорт
Кин ги критикува Бразилците: Како да гледам „Танц со ѕвездите“
Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, кој сега работи како стручен коментатор, им замери на Бразилците за прославата на головите, против Јужна Кореја.
Бразил, синоќа, на стадионот „974“ ја совлада Јужна Кореја со 4:1. Во четвртфиналето Бразил ќе игра против Хрватска.
Јужноамериканци со одлична игра ја потврдија улогата на прв фаворит за трофејот. Победата ја обезбедија во првите 13 минути кога ги постигнаа првите два гола.
Бразилците ги прославија своите голови со танц, им се придружи дури и селекторот Тите, тоа не му се допадна на Рој Кин.
„Не можам да верувам што гледам. Никогаш не сум видел толку многу танцување. Се чувствувам како да го гледам ‘Танц со ѕвездите’ (телевизиско шоу каде професионални танчери настапуваат во тандем со славна личност). Знам дека танцувањето е дел од нивната култура, но мислам дека тоа е непочитување на ривалот. Тие водат со 4:0 и тоа го прават секој пат“, изјави Кин на полувремето од натпреварот, што го коментираше за британската телевизија ИТВ.
Селекторот Тите на прес-конференцијата ја коментираше изјавата на Кин.
„Ќе морам да бидам внимателен бидејќи секогаш ќе има негативни коментари кои ќе речат дека тоа е непочитување. За нас тоа е демонстрација на среќа“, изјави бразилскиот стратег, кој танцуваше со своите играчи по голот на Ришарлисон за 3:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.
Спорт
(Видео) Порту ја растури Барселона, Реал ја освои титулата во Шпанија
Фудбалерите на Џирона ја победија Барселона во 34.коло со 4:2 и го промофираа Реал Мадрид во нов шампион на Шпанија. На четири кола до крајот на сезоната Реал има 13 бодови повеќе од Џирона и 14 од Барселона.
Џирона втор пат сезонава во каталонското дерби ја победи Барселона. На „Монтоливи“, вечерва избраниците на Мичел славеа со пресврт.
Кристенсен погоди за Барселона во третата, а во четвртата минута изедначи Довбик со својот 17.коло во Примера. Втор пат во историјата на Примера се случива двата тима да постигнат по гол во првите пет минути.
До крајот на полувремето, во 46.минута), Левандовски направи пресврт и Барса со 1:2 замина на одмор.
Второто полувреме мина во знакот на Порту. Крилниот напаѓач на Џирона, во само девет минути ја креираше победата на својот тим. Во 65.минута изедначи на 2:2, потоа у асистираше на Гутиерез, а во 74.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Спорт
(Видео) Покер голови на Халанд, Сити го декласира Вулверхемптон
Фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен го декласираа Вулверхемптон со 5:1, во 36. коло од англиската Премиер лига.
Блескаше Ерлинг Халанд кој постигна четири гола за домашниот тим (два од пенал). Сакаше да го постигне и петтиот поради што беше видно незадоволен и негодуваше во моментот кога Пеп Гвардиола реши да го замени во 82. минута.
Со оваа победа „Граѓаните“ ја задржаа пол-позицијата во борбата за титулата со Арсенал. На две кола пред крајот тимот од Лондон има бод повеќе, но Сити има меч помалку и доколку ги победи Фулам и Тотенхем на гости, а Вест Хем дома, ќе ја одбрани титулата шампион на Англија без разлика на резултатите на Арсенал, кој ќе гостува кај Манчестер јунајтед и ќе го пречека Евертон во последното коло.
Денеска избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија работата во првото полувреме кое го одиграа во прилично лесен ритам и го решија во своја корист со 3:0, благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд.
Во вториот дел Хванг намали на 3:1, но Халанд само 60 секунди подоцна му ја врати на Сити преднста од три гола. До крајот замената на Халанд, Хулијан Алварез во 84.минута го постави конечниот резултат.