Спорт
Клоп го надмудри Мурињо, Ливерпул со прв триумф во 2021.

Фудбалскиот шампион во Премиерлигата, екипата на Ливерпул славеше триумф со 3-1 во Лондон кај Тотенхем и конечно им се врати на победите по пауза од 5 натпревари.
„Црвените“ беа шокирани по само 3 минути игра кога Сон погоди за 1-0. Сепак по ВАР асистенција голот беше понштен поради милиметарски офсајд. Затоа гостите се радуваа на водство и тоа буквално во последните моменти од првиот дел. Фирмињо постигна гол за тимот на Клоп и тоа по пауза од околу 500 минути, за водство од 1-0.
Само што започна второто полувреме Александер-Арнолд одлично стрелаше за 2-0.
Само неколку минути подоцна, Хојбјерг намали на 1-2 и го врати домашниот тим во игра.
Во 56 минута повторно поништен гол, овојпат на Ливерпул. Салах постигна убав гол во 56. минута, но судијата го поништи затоа што Фирмињо играл со рака на почетокот на акцијата.
Сепак голот на Садио Мане во 65. Минута беше чист, за гостински триумф од 3-1.
Освен поразот, дополнителен проблем за Мурињо е повредата на капитенот на Спарси, Хари Кејн на почетокот на второто полувреме.
Ливерпул сега се искачи на четвртото место на табелата 37 бода, со четири помалку од лидерот Манчестер Сити. Тотенхем е на 6. позиција со 33 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола: Тој што мисли дека ја завршивме работата нема да игра

Манчестер сити маршираат кон новата шампионска титула во Премиер лигата. „Граѓаните“, на врвот имаат 12 поени повеќе од Манчестер јунајтед, 13 од Лестер и 17 од Вест Хем.
Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа во серија од 20 победи, 14 од нив забележаа во Премиер лигата.
Наредниот противник на Манчестер сити ќе биде Вулверхемптон.
„Секогаш може и подобро, тоа е нашата цел. Доколку почувствувам дека некој мисли дека се е готово, тогаш тој фудбалер нема да игра. Знам кога момците не се подготвени да го продолжат она што требаме да го направиме. За да ја оствариме целта треба да одработиме уште осум-девет натпревари. Тоа не е малку“, рекол Гаврдиола.
„Граѓаните“, вечерва од 21 часот ќе го пречекаат Вулверхемптон.
Спорт
Британците сакаат да го организираат СП во 2030 година

Британскиот премиер Борис Џонсон, ја поддржал потенцијалната заедничка кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска за организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Кандидатурите за организација на СП во 2030 година ќе можат да се поднесат наредната година. Британците веќе започнале да ги разгледуваат сите опции и заедничката кандидатура.
„Заинтересирани сме за можноста во 2023 година фудбалот да го вратиме дома, мислам дека тоа е исправно. Овде е домот на фудбалот, мислам дека тоа би било фантастична вест за целата земја“, рекол премиерот на владата на Велика Бротанија, Борис Џонсон.
Владата кандидатурата на Велика Британија ќе ја подржи со 2,8 милиони фунти, соопшти Фудбалската асоцијација.
Англија во 1966 година го организираше Светското првенство во фудбал, кога и ја освои единствената титула.
Инаку, СП во 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години подоцна домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.
Спорт
Историски трипл-дабл на Џејмс Харден

Бруклин Нетс, по пауза од 19 години, еден месец и еден ден, победија во Сан Антонио. Нетс, по дополнителните пет минути, ги совладаа Спарси со 124:113.
Џејмс Харден одигра брилијантен натпревар, забележа трипл-дабл од 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции. „Брадата“ е првиот играч во историјата кој забележал трипл-дабл од најмалку 30 поени, 10 скока и 15 асистенции, без загубена топка.
Покрај Харден кај Нетс се истакнаа Кајри Ирвинг со 27 и Брус Браун со 23 поени. Кевин Дурент не играше поради повреда.
Најдобри во редовите на Сан Антонио беа Демар Дерозан со 22 поени и 11 асистенции и Дежонте Мареј со 19 поени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер