Спорт
Компани официјално во пензија, станува тренер на Андерлехт
Винсен Компани и официјално се пензионира од професионалниот фудбал потпишувајќи четиригодишен договор да биде тренер на Андерлехт.
34-годишниот дефанзивец се врати во клубот од Брисел од Манчестер сити минатото лето за да биде тренер и играч, но се откажа од менаџерските обврски по лошиот почеток на сезоната. Сега тој ќе го замени Франк Феркаутерен како тренер на клубот.
„Сакам целосно да ѝ се посветам на тренерската работа и потребно ми е 100 отсто од моето време. Затоа се повлекувам како фудбалер и амбицијата останува иста иако ќе бидам на друга позиција. Сакам Андерлехт да игра модерен фудбал со резултати“, вели Компани.
Тој е продукт на младинската школа на Андерлехт и дебитира за првиот тим во 2003 година. Кога освои две лигашки титули, тој замина во Хамбург, пред две години да замине во Манчестер сити, каде што освои четири титули од Премиер лигата и имаше 360 настапи во 11 години.
Андерлехт беше само осми во белгиската Јупилер лига кога сезоната беше откажана поради пандемијата на коронавирусот.
Vincent devient l’entraîneur principal du RSC Anderlecht. En dat voor de volgende 4 seizoenen. Il arrête sa carrière de joueur et prend le relais de Franky. ?⚪ pic.twitter.com/n0ALn0udJl
— RSC Anderlecht (@rscanderlecht) August 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скандал во Рим, Ѓоковиќ удрен во главата со шише за вода
Новак Ѓоковиќ доби шише во глава, кое беше фрлено од трибините додека даваше автограми.
Инцидентот се случи по победата на Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Рим, над Французинот Корентин Муте 6:3, 6:1.
Додека најдобриот во светот давал автограми од трибините излетало шише со вода кое завршило во неговата глава.
Ѓоковиќ од болка паднал на земја, додека луѓето од организацијата притрчале да му помогнат. Новак останал долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и прилично тешко, а ударот бил многу болен. Според некои новинари од местото на настанот, Ѓоковиќ има расекотина на главата.
Како што пишува „Спортмесиасет“, српскиот ас веднаш бил пренесен во болница на преглед, имал благи вртоглавици, но генерално се чувствува добро. Се шпекулира и дека се работи за случајност, а шишето испаднало од ранецот на гледач од трибините и завршило со главата на Новак.
Ова го потврди и организаторот кој соопшти дека инцидентот се случил кога едно дете се наведнало преку оградата за да му даде на Ѓоковиќ тетратка на потпис, а од ранецот на детето испаднало алуминиумско шише со вода и завршило во главата на Ѓоковиќ.
This is shocking.
Novak Djokovic was hit on the head with a water bottle thrown from the stands while he was signing autographs.
Disgusting.pic.twitter.com/Pwt2sjBisl
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 10, 2024
Спорт
(Видео) Новак Ѓоковиќ заврши на клиника, удрен e со шише во глава
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, кој по голема борба го совлада Французинот Корентин Муте со 2:0 (6:3, 6:1), а по мечот се случи сериозен инцидент кога тој беше удрен во глава, најверојатно со шише.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер веднаш се струполи на подот, а присутните велат дека има траги од крв.
Someone threw a water bottle at Novak Djokovic’s head when he was signing autographs.
He ends up on the floor.
Absolutely disgusting behavior from whoever did this.
The world is becoming a very sad place.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 10, 2024
Имено, Новак е познат како некој кој има трпение за сите фанови. Така беше и овој пат во Рим. Новак без разлика на трудот што го имаше за време на натпреварот, се посвети на навивачите фотографирајќи и давајќи автограми. но, на излегување од теренот, некој фрлил шише и го удрил Новак во главата. Српскиот тенисер легнал на подот и веднаш се фатил за глава. Според присутните, Новак има расекотина, а забележливи се и траги од крв.
Како што јавија италијанските новинари, тој веднаш отишол во амбуланта и се пожалил на мачнина.
Спорт
(Видео) Мбапе објави дека заминува од ПСЖ
Една голема епизода во кариерата на Килијан Мбапе заврши. Францускиот фудбалер вечерва и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен.
Но, вториот дел од енигмата сепак останува, бидејќи Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Иако, цел свет тоа одамна го насетува.
Епизодата на Килијан во Париз не заврши славно. Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона остана недостижен за брзиот напаѓач, иако „светците“ важеа за големи фаворити во полуфиналето против Борусија Дортмунд.
Сите други домашни трофеи одамна престанаа да ја задоволуваат гладта и на Ембапе и на навивачите на францускиот клуб.
И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.
Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сен Жермен.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.
Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Нашредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024