Спорт
Подолски во одбрана на Озил: Тој не е кретен

Месут Озил не е кретен, вели неговиот поранешен соиграч од германската репрезентација, Лукас Подолски, кој додава дека е доволно добар да има главна улога во Арсенал, иако е очигледно дека Микел Артета не смета така.
31-годишниот Озил не заигра по рестартот на Премиер лигата по пандемиајата на коронавирусот и за неговата иднина има многу шпекулации, иако самиот тој вели дека планира да ја одигра последната сезона за клубот.
Подолски, кој исто така во минатото играше за „топчиите“, вели дека Озил е претставуван во нефер светло во јавноста.
„Тој е доволно добар да биде во кој било тим со поддршка на тренерот и на тимот, но нешто се случува во Арсенал. Дали тој е во расправија со клубот? Кога последен пат зборував со него, не беше така. Тоа треба да го решат тој и неговиот агент. Месут е човек со одличен карактер и не е кретен. Не прави интервјуа во кои зборува лошо за соиграчите и за клубот и оваа ситуација е штетна за сите. Озил седи на трибините, Арсенал го плаќа и тука нема победник“, вели Подолски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.