Спорт
Крикет на екстремно загаден воздух во Делхи – играчите повраќале на теренот

Скопјани најдобро знаат како е да се живее со загаден воздух, но случката од крикет-мечот помеѓу Индија и Бангладеш во Делхи ги надминува овие искуства кога неколку играчи повраќале од последиците од загадувањето.
Индиската престолнина неколку дена се бори со огромно загадување предизвикувајќи вонредна состојба и предупредување да не се излегува надвор, но мечот од Т20-серијата во неделата не бил откажан.
Некои од играчите носеа маски, но тоа не беше доволно – Сума Саркар од бангладешката репрезентација изјави дека тој и неколку негови соиграчи повраќале во текот на мечот. Од друга страна, индискиот тренер Викрам Ратур изјави дека екстремниот смог не бил толку опасен за оние што се навикнати.
„Нема посебни мерки бидејќи сме навикнати“, изјави Ратур.
Бангладеш победи со три викети разлика, по што поведе со 1:0 во серијата подобар-од-три.
Who said we don’t celebrate #Halloween. If this isn’t scary then what is.#Chernobyl #DelhiAirEmergency #DelhiPollution #DelhiSmog pic.twitter.com/RX3KhCSTzX
— Shhhh? (@volcalyp) November 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.