Спорт
Лаутаро Мартинез: Одев на психолог, ми требаше помош на теренот!
Аргентинскиот напаѓач во дресот на милански Интер – Лаутаро Мартинез е во татковината и се подготвува за почетокот на новата сезона.
Во разговор за „TuttoMercatoWeb“ зборуваше за неговите долгорочни планови, но и за некои малку познати детали од неговиот живот, меѓу другото раскажа и дека бил во ситуација да побара помош од психолог.
„Тешко ми беше да работам на менталитетот и на пристапот. Кога станав татко, почнав полесно да се носам со работите надвор од теренот. Но ми требаше помош од психолог за она на теренот. Проблемот е во тоа што добивав премногу жолти картони. Но се поправив. Погледнете ја статистиката и ќе ви стане јасно“ вели тој.
На прашање каде сака да ја заврши кариерата, тој ги воодушеви Аргентинците.
„На крајот сакам кариерата да ја завршам во Линиерс, клубот од детството. Ќе се обидам да ја наговорам сопругата да се вратиме во Бахија Бјанка. Се надевам дека уште еднаш во животот ќе заиграм за Линиерс или Расинг, но во фудбалот е невозможно да дадеш ветување“ вели Лаутаро Мартинез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

