Спорт
Лазаров: Им се извинувам на сите Македонци

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, како и неговите колеги од националниот тим, беше разочаран по поразот од Австрија и елиминацијата од ЕП. Тој ѝ се извини на македонската јавност.
„Треба да се анализира со ладна глава. Стојам на тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија. Одигравме под нашето ниво, со многу технички грешки, го разбранивме нивниот голман, а таквите работи се пресудни. Тактички нè изненадија со 5-1 играта, со полуфластер на мене. Немавме решение. Разочарани сме, очекувавме многу повеќе затоа што имавме добра група“, рече, меѓу другото, Лазаров по завршувањето на мечот.
Тој изрази благодарност за поддршката, особено до сите присутни што одвоија време и средства за да дојдат да ги бодрат во Виена.
„Капа до под до сите Македонци. Останавме должни и заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и македонскиот ракомет, но треба да се анализираат некои работи и да се почне од почеток. Не смееме да го загубиме она што е најубаво, најдрагоцено и најсвето. Ни една репрезентација во светот не може да си дозволи да има 5-6.000 навивачи во туѓа земја. Тоа е огромно богатство и јавно како капитен сакам да им се извинам на сите навивачи што дојдоа овде во Виена и за целата поддршка што ни ја даваа другите Македонци од Македонија“, рече капитенот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.