Спорт
ЛЕ: Ериксен со деби-гол за победа на Интер, Јунајтед само со реми во Бриж (видео)
Кристијан Ериксен го постигна својот прв гол во дресот на Интер, за да ги предводи „нераѕурите“ до 2:0 победа на гостувањето кај бугарски Лудогорец во Лига Европа, додека Манчестер јунајтед се враќаше за 1:1 реми на гости кај Клуб Бриж.
Ериксен доби убава асистенција од Ромелу Лукаку во 71. минута, за Интер, конечно, да го скрши отпорот на бугарскиот шампион во Разград, за обезбедување на помирен реванш во Милано. Лукаку во 94. минута го удвои водството на Интер со гол од белата точка.
Манчестер јунајтед пак, во Белгија, прими гол уште во 15. минута преку Емануел Денис, откако потфрли цела одбрана на „ѓаволите“, а голманот Ромеро беше излезен надвор од шестнаесетникот. Антони Марсијал во 36. минута израмни на 1:1, а и покрај шансите на двете страни, резултатот остана тој по 90 минути.
Хетафе со 2:0 успеа да го совлада минатогодишниот полуфиналист од ЛШ Ајакс во Шпанија, додека работата најверојатно уште по првиот меч ја заврши Ајнтрахт Франкфурт со убедлива 4:1 победа над Салцбург. Севилја во финишот на мечот успеа да израмни на 1:1 на гостувањето кај Клуб Бриж, додека Спортинг Лисабон со 3:1 го совлада Башакшехир.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
ЦФР Клуж (Ром) – Севилја (Шпа) 1:1
Клуб Бриж (Бел) – Манчестер јунајтед (Анг) 1:1
Ајнтрахт Франкфурт (Гер) – РБ Салцбург (Авт) 4:1
Копенхаген (Дан) – Селтик (Шко) 1:1
Хетафе (Шпа) – Ајакс (Хол) 2:0
Лудогорец (Буг) – Интер (Ита) 0:2
Шахтјор Доњецк (Укр) – Бенфика (Пор) 2:1
Спортинг Лисабон (Пор) – Башакшехир (Тур) 3:1
Christian Eriksen scores his first goal for Inter to put them up 1-0 late in match pic.twitter.com/GTIRI5E4TC
— cooms (certified gambler) (@betwithcooms) February 20, 2020
ЛУДОГОРЕЦ – ИНТЕР
БРИЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
СПОРТИНГ – БАШАКШЕХИР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.