Спорт
ЛЕ: Јунајтед повторно како голема нула, Волфсбергер не дозволи победа на Рома (видео)
Манчестер јунајтед повторно ги исфрустрира своите фанови со еден натпревар, откако одигра реми без голови на гости кај АЗ Алкмар во Холандија, што беше доволно да се вратат на првото место во групата Л пред мечот со Партизан.
Статистиката за клубот на Оле Гунар Солскјер е безмилосна – првпат во историјата Манчестер јунајтед не успеа да упати удар во рамките на голот во ова европско натпреварување, и сега „ѓаволите“ немаат победа на гости во последните 10 меча.
0 – Manchester United have failed to have a shot on target in a UEFA Europa League game for the first time in their history (25 games). Blunt. pic.twitter.com/f3ADg6Qow6
— OptaJoe (@OptaJoe) October 3, 2019
Рома имаше водство, но одигра само 1:1 на гости кај австриската сензација Волфсбергер, Вулверхемптон во финишот на мечот славеше на тешкото гостување кај Бешикташ, додека бугарскиот шампион Лудогорец стигна до импресивна победа на гости кај Ференцварош за да се искачи на првото место во групата Х со две победи во два меча.
Најнеизвесно, засега, е во групата Г, каде што Феенорд со 2:0 го победи Порто, а Јанг Бојс во последните секунди од мечот „украде“ 2:1 победа над Ренџерс, по што сега сите четири тима имаат по 3 поени (еден пораз и една победа).
ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА Г
Феенорд – Порто 2:0
Јанг бојс – Глазгов Ренџерс 2:1
Табела: 1.Феенорд 3, 2.Јанг бојс 3, 3. Ренџерс 3, 4.Порто 3
ГРУПА Х
ЦСКА Москва – Еспањол 0:1
Ференцварош – Лудогорец 0:3
Табела: 1.Лудогорец 6, 2.Еспањол 4, 3.Ференцварош 1, 4.ЦСКА Москва 0
ГРУПА И
Олександрија – Гент 1:1
Сент Етјен – Волфсбург 1:1
Табела: 1.Волфсбург 4, 2.Гент 4, 3.Сент Етјен 1, 4.Олександрија 1
ГРУПА Ј
Башакшехир – Борусија Менхенгладбах 1:1
Волфсбергер – Рома 1:1
Табела: 1.Волфсбергер 4, 2.Рома 4, 3.Борусија М 1, 4.Башакшехир 1
ГРУПА К
Бешикташ – Вулверхемптон 0:1
Брага – Слован Братислава 2:2
Табела: 1.Слован Б. 4, 2.Брага 4, 3.Вулверхемптон 3, 4.Бешикташ 0
ГРУПА Л
Астана – Партизан 1:2
АЗ Алкмар – Манчестер јунајтед 0:0
Табела: 1.Манчестер јунајтед 4, 2.Партизан 4, 3.Алкмар 2, 4.Астана 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поранешен играч ќе го преземе Манчестер Јунајтед
Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, тимот привремено го презеде Дарен Флечер, кој не успеа да го „врати во живот“.
„Црвените ѓаволи“, одиграа 2:2, кај Барнли во Премиер лигата и доживеа елиминација во третото коло во ФА купот. Вчера Јунајтед загуби од Брајтон, на домашен терен (1:2).
Клупските челници интензивно се во потрага по нов менаџер, откако и Флеер изјави дека на тимот му е потребен вистински лидер.
Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед, но се чини дека клупските челници имаат поинакви планови.
Прва опција за нов тренер е во моментов е Мајкл Карик, кој одржуваше позитивен контакт со групацијата „ИНЕОС“, под водство на Сер Џим Ратклиф, објавуви Фабрицио Романо.
Мајкл Карик веќе беше на клупата на Манчестер Јунајтед, како помошник на Оле Гунар Солскјер, а кога Норвежанецот беше отпуштен, тој го водеше тимот десет дена пред Ралф Рангник да биде назначен за нов менаџер.
Спорт
(Видео) Денвер без Јокиќ и Мареј го победи Милвоки
Денвер Нагетс, без Никола Јокиќ, ги победија Милвоки Бакс со 108:104. Покрај Јокиќ, натпреварот го пропушти и Џамал Мареј. Инаку, Нагетс играат над очекувањата по повредат на Јокиќ, имаат скор од четири победи и три порази.
Денвер Нагетс, против Милвоки на Јани Адетокумбо, играа добро во првите три четвртини, во последната влегоа со предност од 11 поени, потоа попуштија во одбраната, му дозволија на притивникот да се доближи на два поени, но Арон Гордон, во финишот погоди три од четирите слободни фрлања за триумф на својот тим.
Гордон имаше 23 поени, шест скока и четири асистенции, а Тим Хардавеј беше поефикасен со 25 поени. Пејтон Вотсон запиша 19 поени, осум скока и шест асистенции.
Кај Бакс, Јанис Адетокумбо беше најдобар со 31 поен, 11 асистенции и осум скока. Мајлс Тарнер имаше 16 поени и пет скока, а Еј Џеј Грин забележа 14 поени, пет скока и четири асистенции.
Резултати:
Орландо – Њу Орлеанс 128:118
/Блек 26 – Вилијамсон 22/
Мемфис – Бруклин 103:98
/Кауард 21 – Клоуни, Мартин 17/
Торонто – Филаделфија 116:115 пп
/Барнс 31 – Макси 38/
Портланд – Њујорк 123:114
/Авдија 25 – Брансон 26/
Минесота – Сан Антонио 104:103
/Едвардс 23 – Вембањама 29/
Оклахома – Мајами 124:112
/Гилџис Александер 29 – Вигинс 23/
Финикс – Вашингтон 112:93
/О’Нил 19 – Сар 19/
Голден Стејт – Атланта 111:124
/Кари 31 – Александар Вокер 24/
Сакраменто – Хјустон 111:98
/ДеРозан 22 – Томпсон 31/
Спорт
(Видео) Мбапе лош губитник, Фермин и Кубарси вулгарно го славеа трофејот
Барселона го освои Суперкупот на Шпанија со триумфот над Реал (3:2). Каталонците 16-ти пат го освоија Суперкупот, кој во формат на турнир веќе неколку години е игра во Џеда, Саудиска Арабија.
Главната приказна од Ел Класико е потегот на Килијан Мбапе по натпреварот и однесувањето на младите играчи на Барселона, Фермин Лопез и Пау Кубарси.
Реал ги доби медали за пласман во финалето, а играчите на Барселона формираа шпалир во чест на своите ривали. Потоа следеше церемонијата на доделување медали и трофеи на победниците, но играчите на Реал не им вратија иста мерка на своите ривали.
Според каталонските медиуми, Килијан Мбапе одиграл клучна улога во таа одлука. Под наслов „Лошиот губитнички потег на Мбапе – побара од соиграчите да не ѝ аплаудираат на Барселона“, е насловот на Мундо Депортиво.
„Играчите на Барселона формираа шпалир за Реал, но потоа Французинот беше забележан како им кажува на играчите три пати да не ѝ аплаудираат на Барселона кога играчите ги добиваат медали и им наложи да ја напуштат церемонијата на доделување трофеи“.
Каталонците додадоа: „Мбапе покажа однесување на лош, фрустриран губитник, што предизвика гнев кај навивачите на Барселона на стадионот во Џеда. Особено затоа што играчите на Барса покажаа почит кон своите противници“.
Мунди Депортиво заклучува: „Некои од соиграчите на Мбапе ја послушаа неговата неспортска препорака, додека други сепак покажаа почит кон Барселона за време на нивната прослава.“
Каталонската ТВ3, со приложено видео од потегот на Мбапе напиша: „Мбапе е лош губитник. Тој ги замоли своите соиграчи да не формираат шпалир за играчите на Барселона. Тие го послушаа и Барса така остана без потег за да покаже почит кон победникот.“
Kylian Mbappé stopping his teammates from giving Barcelona the champions guard of honor last night. He moved the away. pic.twitter.com/ddDXa3CBLp
— Prince 👑 (@Princeutd1P) January 12, 2026
💥 MAL PERDRE DE MBAPPÉ
🤬 El francès del Reial Madrid no ha volgut que els seus companys fessin el passadís al Barça
❌ Els altres jugadors l'han seguit i els blaugranes no han tingut passadís de campions#ElClàssic
📲 https://t.co/xhB56dlluh pic.twitter.com/ezq5yRCuuN
— Esport3 (@esport3) January 11, 2026
Од друга страна камерите на Мовистар, еден од реализаторите на преносот, исто така, фатија прилично несоодветна прослава на две млади ѕвезди на Барселона.
Камерите го фатија Фермин Лопез за време на прославата на титулата против Реал Мадрид, како се обраќа на трибината на која беа сместени навивачите на „кралскиот клуб“, со презир. „Еве! Пушете го, пушете го, марширајте дома!“, јасно може да се види како играчот на Барселона вели додека скока покрај Јамал и Касадо.
Фудбалерите на Барселона, додека ја славеа титулата, во еден момент влегоа во вербален конфликт со навивачите на трибините кои ги провоцираа и им викаа. Тука можеше да се забележи како Пау Кубарси покажува среден прст, иако на видеото не е јасно кон кој дел од трибините е насочен.
Foto/ EPA

