Спорт
„Лев не е виновен за дебаклот, играчите немаат победнички менталитет“

Германија е сè уште во шок по катастрофалниот пораз на националниот тим во дуелот со Шпанија. „Црвената фурија“ во вторникот ја прегази Германија со 6:0. Поранешниот репрезентативец Мемет Шол смета дека вината за дебаклот е кај фудбалерите, а не кај селекторот Јокаим Лев.
„Јоги Лев мора да анализира што е тоа што веќе неколку години наназад ги тера играчите да работат лошо на тренинзите. Јас тоа го забележав пред три години. Играчите немаат желба за успех. Може да пробаат со 18 системи и ништо нема да постигнат. На новата генерација ѝ недостога победничкиот менатлитет“, рекол Шол.
Според него, работите нема да се сменат дури и Лев да ги врати во репрезентацијата Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс бидејќи новата генерација не е тренирана доволно добро.
„Во минатото на сите им беше драго кога ќе беа со репрезентацијата, сега сите со душа чекаат да помине репрезентативната недела“.
Шол исто така ги критикувал и тренерите во Бундеслигата, за нив рекол дека се лаптоп-тренери“ односно дека знаат да направат добра татктика, но не знаат како да ја држат соблекувалната под контрола и како на играчите да им го наметнат победничкиот менатлитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.