Спорт
Лига на нации: Италија стигна до трето место, поуспешна од ослабената Белгија

Домаќинот на Ф4 турнирот во Лигата на нации на УЕФА – Италија стигна до третото место во одбраното друштво.
Избраниците на Роберто Манчини предмалку со 2-1 ја совладаа селекцијата на Белгија во Торино во меч без преголемо резултатско значење откако завчера и двете селекции беа поразени од Шпанија, односно Франција.
„Азурите“ кои играа на свој терен имаа предност пред „ѓаволите“ кои настапија на овој меч без вде големи ѕвезди – Ромелу Лукаку и Еден Азар.
Иако Белгијците имаа поголем посед на топката, сепак Италијанците имаа повеќе шанси за гол.
Откако во првите 45 минути мрежите мируваа, на самиот старт на вториот дел Барела ги донесе домаќините во водство, откако со одмерен удар собра еден отпадок на работ на шеснаесетникот.
Во 65 минута индиферентните Белгијци им создадоа можноста на Италијанците за зголемување на водството. Кастањ направи пенал, а сигурен реализатор беше Берарди за 2-0.
Во 82 минута Караско се закани, ја погоди стативата, а 5 минути подоцна беше поставе конечниот резултат.
Нововлезениот Шарл де Кетелер погоди за 2-1, но тоа е се што првопласираната селекција на ранг листата на ФИФА успеа да направи на овој меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лесна победа на Јунајтед во ФА купот

Во последниот натпревар од ФА Купот во саботата, Манчестер Јунајтед го совлада Ридинг на „Олд Трафорд“ со 3:1.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, а интересно е што стрелци на сите голови за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Бразилците.
Касемиро за само три минути постигна два гола. Тој најпрвин ја затресе мрежата на гостите во 55. минута на асистенција на Антони, а во 58. минута зголеми на 2:0 по додавањето на Фред.
Во 66. минута Фред го постигна третиот гол за домашните, а стрелец на почесниот гол за за Ридинг беше Мбенге во 72. минута.
Гостите во последните половина час играа со десетмина, бидејќи ветеранот Енди Керол доби два жолти картони.
Спорт
Лесна победа за Аталанта – Сампдорија на пат кон Серија Б

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја нов пораз во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ загуби во Бергамо од Аталната со 2:0.
На Сампдорија и пресудија Меле со голот во финишот на првиот дел и Лукман во 55.минута. Ова е четврти пораз во низа за екипата од Џенова. Аталанта на последните седум натпревари постигнува најмалку два гола.
Аталанта скокна на четвртото место, со 38 бода, додека Сампдорија е на ретпоследното место со са о девет бода.
Спорт
Го одржа ветувањето – Лесор стана српски кум
Ден по првата победа, во третата сезонска пресметка со Црвенз зведа (79:78), кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, го одржа ветувањето и им беше кум на Дамир и Јована.
Пред неколку недели, во преполната „Штарк“ арена во Белград, Дамир ја запросу Јована. Тогаш го побараа Лесор за кум, а францускиот центар во саботата го исполни своето ветување.
Инаку, Лесор игра одлично оваа сезона и е еден од најдобрите играчи, според индексот на корисност во Евролигата.
Пре неколико седмица, Дамир је на паркету препуне Арене запросио Јовану на утакмици @PartizanBC!
Она је том приликом питала @ThiasLsf да јој буде кум на венчању! Јуче је победио, а данас је испоштовао традицију!
Честитке Јовани и Дамиру, а дубок наклон Матијасу 🖤🤍#partizan pic.twitter.com/BPHWAQ3cit
— Partizan.net (@PartizanNet) January 28, 2023