Спорт
Ливаковиќ одбрани три пенали – Хрватска преку Јапонија до четврт-финалето

Хрватска повторно е во четврт-финале на едно Светско првенство, откако по неубедливите 1:1 во регуларните 90 минути и во половина час продолженија голманот Доминик Ливаковиќ беше херој на „коцкестите“ бранејќи ги три обиди на јапонските фудбалери за вкупна 3:1 победа.
Јапонците, кои на Мундијалот веќе ги победија Германците и Шпанците, беа поконкретни во првото полувреме, и тоа го искористија во 43. минута, кога Даизен Маеда ја искористи конфузијата во хрватската одбрана за да донесе водство за „самураите“. Второто полувреме почна во знак на „коцкестите“, откако во 54. минута Дејан Ловрен одлично му асистираше, а Иван Перишиќ постигна фантастичен гол со глава за израмнување.
Набргу потоа Лука Модриќ имаше фантастичен удар, кој со одлична реакција го одбрани голманот Шуичи Гонда, но потоа Јапонците полека ја вратија рамнотежата и на крајот беше јасно дека битката ќе продолжи и по 90-те минути.
Во пенал-серијата Ливаковиќ ги одбрани обидите на Минамино и Митома, а откако Влашиќ и Брозовиќ беа прецизни за Хрватска, Марко Ливаја ја зголеми драмата кога го погоди дирекот, но Ливаковиќ во следниот обид го сопре и обидот на Јошида, пред Марио Пашалиќ да го запечати пласманот со сигурен гол.
Хрватска во четврт-финалето ќе игра со подобриот од мечот Бразил-Јужна Кореја.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голманот на Малатијаспор, Туркаслан загинал во земјотресот во Турција

Голманот на Јени Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан го загубил животот во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата во понеделникот, потврдија од неговиот клуб, објаснувајќи дека тој бил во една од зградите кои целосно се срушиле.
„Нашиот голман, Ахмет Ејуп Туркаслан, го загуби животот во земјотресот. Почивај во мир, нема да те заборавиме, прекрасен човеку“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.
Туркаслан во својата кариера играше и за Османлиспор и Умранијеспор, а зад себе ја остава собруката Кубра Туркласан, која успеала да се извлече од срушената зграда.
Фудбалот во Турција е откажан на неопределено време.
Спорт
Ибрахимовиќ се враќа в петок против Торино?

По 260 дена во „аут“, Златан Ибрахимовиќ се надева дека ќе се врати во тимот на Милан веќе в петок за мечот против Торино, тврди „Калчомеркато“.
41-годишниот шведски ветеран во финишот на минатата сезона играше со сериозна повреда за да помогне „росонерите“ да ја освојат првата титула по повеќе од една деценија. Веднаш потоа, тој беше на операција на коленото, по што потпиша минималн продолжување на договорот со клубот. Тој денеска се вратил на тренинзите со своите соиграчи и сега работи на својата физичка подготвеност и се надева дека ќе може да биде барем замена за тимот на Стефано Пиоли за дуелот со Торино.
Милан се наоѓаат во резултатска криза, со само една победа во последните осум мечеви во Серија А, Копа Италија и Суперкупот.
@acmilan pic.twitter.com/K62Taznt1p
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) February 7, 2023
#Milan, #Ibra scaccia crisi: si è allenato in gruppo e 'vede' il Torino https://t.co/bJip1Ycn97
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 7, 2023
Спорт
На Леброн му пречи славата: Не можам да одам на кафе како обичен човек

Леброн Џејмс, НБА мега-ѕвездата кому му недостасува уште 36 поени да го сруши вечниот рекорд на Карим-Абдул Џабар смета дека славата која ја има не е секогаш позитивна работа, посакувајќи да може да „влезе во ‘Старбакс’ како обичен човек’“.
38-годишниот Џејмс, кој според многумина има место меѓу најдобрите во историјата на спортот, вели дека не се жали на привилегиите кои ги има како милионер, но додава дека на моменти има „големи предизвици“ кога сака да прави нормални работи.
„Не сакам да кажам дека доаѓа премногу, но има моменти кога сакам да правам нормални работи. Би сакал да се прошетам нормално. Да влезам во кино, да почекам во редот за пуканки. Или во забавен парк, или во ‘Старбакс’ да ми го напишат името на моето кафе. Не седам и се жалам, секако, не. Но, понекогаш тоа е предизвик“, вели Леброн за „Њујорк тајмс“.