Спорт
ЛШ: Динамо лесно со Розенборг, Звезда со супер-реми во Швајцарија (видео)
Додека македонските клубови не можат да се пофалат со успешни европски авантури, српскиот шампион Црвена звезда и хрватскиот шампион Динамо Загреб направија огромен чекор кон пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.
Звезда, која лани имаше забележително враќање во европската елита (и победа над подоцнежниот европски шампион Ливерпул), како последен противник ги имаше Јанг бојс од Берн и во интересен меч стигна до 2:2 реми пред домашниот меч на „Рајко Митиќ“ во Белград.
Работите не тргнаа добро за „црвено-белите“ откако Јанг бојс уште во седмата минута дојдоа до водство преку Рожер Асале, но рамнотежата беше вратена во 18. минута кога Милош Дегенек постигна фантастичен гол. Целосниот пресврт го комплетираше новото засилување на Звезда, Матео Гарсија, кој на почетокот на второто полувреме го постигна својот деби-гол за водство на гостите. Сепак во 76. минута од мечот, Боачи направи фаул над Нгмале во шестнаесетникот и по разгледувањето на ВАР-снимките беше досуден пенал за Јанг бојс, кој успешно го реализираше Гијом Оро.
На „Максимир“ во Загреб пак, Динамо имаше фуриозен старт на мечот против норвешкиот шампион Розенборг, откако за 20 минути направија предност од 2:0. Петковиќ од пенал уште во деветтата минута донесе предност за „модрите“, а Оршиќ во 20. минута зголеми на 2:0. Во првото полувреме, Динамо требаше да води и со 3:0, откако не беше суден пенал од страна на судијата Даниеле Орсато и покрај очигледното играње со рака на фудбалерот на Розенборг. Судијата воопшто не побара разгледување на ВАР-системот.
Многу блиску до ЛШ е и грчкиот Олимпијакос, откако со 4:0 го победи рускиот Краснодар. Мигуел Гереро во 30. минута, Лазар Ранѓеловиќ во 78. и 85. минута и Дани Поденсе во 89. минута стрелаа за клубот од Пиреја.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Динамо Загреб – Розенборг 2:0
Јанг бојс – Црвена звезда 2:2
Олимпијакос – Краснодар 4:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на анти-допинг правилата да бидат отстранети од сите натпреварувања во наредните четири години. Оваа информација за „РИА Новости“ ја потврдил шефот на руската анти-допинг агенција, Јуриј Ганус.
Руската анти-допинг агенција е обвинета дека не работи според правилата на ВАДА и дека манипулирала со лабораториските податоци кои биле доставени до ВАДА во јануари оваа година.
Суспензијата значи дека руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Токио во 2020 и Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.
Исто така русите ги шокира и информацијата дека забраната се однесува и за фудбалската репрезентација доколку таа избори пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Фудбалерите ќе можат да учествуваа на Европското првенство наредното лето бидејќи УЕФА, како континентална организација не била дефинирана како главна организација која организира спортски натпревари.
Спортистите од Русија кои ќе докажат дека немаат врска со допинг-скандалот во Русија ќе можат да се натпреваруваат, но не под знамето на својата држава.
Руските клубови ќе можат да се натпреваруваат на континенталните натпреварувања бидеќи забраната не важи за тие натпреварувања.
Спорт
Барса против Интер без Меси, Суарез, Тер Штеген…

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде имал намера со комбиниран тим да им се спротивстави на Интер во последниот натпревар во Ф-групата, во Лигата на шампионите. Барса веќе го обезбеди првото место во групата, додека Интер се бори за втората позиција со Борусија Дортмунд.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона, утревечер на „Џузепе Меаце“ ќе пристигне без своите најголеми ѕвезди. Се очекува нападот да го предводи Антоан Гризман, додека Лионел Меси, Луис Суарес и Тер Штеген, најверојатно ќе останат во Барселона.
Покрај овие тројца одмор од тренерот ќе добијат Џерар Пике, Џорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Нелсон Семедо.
Весникот шпекулира дека Валверде мечот со Интер ќе го започне со Нето на голот, Муса Варгу, Умтити, Тодимо и Жуниор Фирпо во одбраната, Алења, Ракитиќ и Видал во редот за врска, односно Фати и Гризман во нападот.
На Интер им е потребна било каква победа над Барселона за да се пласираат во осмина-финалето бидејќи имаат подобра меѓусебен скор од Борусија Дортмунд.
Спорт
Гол по истекот на времето, Србинките ја победија Германија

Србија, во драматична завршница, ја победи Германија 29:28 (19:17) на Светското првенство за ракометарки кое се одржува во Јапонија.
Србинките испуштија предност од пет гола во првото полувреме, имаа два гола повеќе од противничките по првиот дел, а во второто полувреме ја „бркаа“ Германија, а потоа победија со голот на Кристина Лишчевиќ од седмерец по мистекот на времето.
Поранешната ракометарка на Вардар Драгана Цвијиќ со седум гола ја предводеше Србија, пет постигна Слаѓана Поп-Лазиќ. Кај Германија се истакнаа Евгенија Миневскаја со шест и Амели Бергер со пет гола.
Со оваа победа Србинките стекнаа шанса во последното коло во И-групата да се борат за пласман во полу-финалето. За такво сценарио ќе им биде потребно најпрвин Данска да ја победи Холандија, а потоа во последното коло тие да забележат триумф над Данска.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци