Спорт
ЛШ: Храбриот Интер остана во „живот“, Ливерпул преку Ајакс до осминафинале

Интер остана со теоретски шанси за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во возбудлив меч со 3:2 ја победи Борусија Менхенгладбах на гости за уште повеќе да ја искомпликува ситуацијата во групата Б, каде што сите четири екипи се со свои сметки пред последното коло.
Борусија останува прва со 8 поени, Шахтјор и Реал Мадрид имаат по 7 (со Шахтјор со подобар директен резултат) и Интер е четврти со 5 поени. Во последното коло Реал гостува кај Менхенгладбах, додека Интер го пречекува Шахтјор, така што се можни многу комбинации.
Матео Дармијан ги донесе „нераѕурите“ во водство уште во 17-тата минута најавувајќи дека тимот на Антонио Конте оди на победа, но Аласан Пле успеа да израмни пред крајот на полувремето. Ромелу Лукаку, уште еднаш се покажа како клучен играч за клубот од Милано, постигнувајќи два гола во 64. и 73. минута, пред Пле во 76. минута да намали на 2:3. Пле успеа да постигне уште еден гол, но ВАР системот овојпат беше на страна на „нераѕурите“.
Додека Интер го покажа најдоброто, истото не може да се каже за нивните италијански ривали, Аталанта, кои спасуваа 1:1 реми со данскиот дебитант Митјиланд една недела откако победија на „Енфилд“ против Ливерпул (0:2). Ливерпул, овојпат не дозволи грешка и со 1:0 ги совлада Ајакс за да го осигура првото место и да ги остави Ајакс и Аталанта во последното коло да решаваат кој е вториот патник.
Атлетико Мадрид, пак, не успеа да ги победи европските шампиони Баерн Минхен одигрувајќи 1:1, за во последното коло на гостување кај Салцбург да го одлучат вториот патник.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА А
Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:3
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1:1
Табела: 1.Баерн М. 13, 2.Атлетико М. 6, 3.Салцбург 4., 4.Локомотив М. 3
ГРУПА Б
Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах – Интер 2:3
Табела: 1.Менхенгладбах 8, 2.Шахтјор 7, 3.Реал М. 7, 4.Интер 5
ГРУПА Ц
Порто – Манчестер сити 0:0
Марсеј – Олимпијакос 2:1
Табела: 1.Манчестер С. 13, 2.Порто 10, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 3
ГРУПА Д
Ливерпул – Ајакс 1:0
Аталанта – Митјиланд 1:1
Табела: 1.Ливерпул 12, 2.Аталанта 8, 3.Ајакс 7, 4.Митјиланд 1
БОРУСИЈА М – ИНТЕР
ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС
АТЛЕТИКО М – БАЕРН М
ПОРТО – МАНЧЕСТЕР С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Динамо плаќа 950.000 евра за репрезентативец на Курасао

Динамо Загреб и Левски од Софија го договориле трансферот на репрезентативецот на Курасао Најџел Роберта.
Динамо за трансферот на 22-годишниот напаѓач ќе издвои 950.000 евра. Бугарските медиуми, објавија дека преговорите помеѓу двата клуба траеле речиси еден месец и дека наскоро се очекува трансферот да биде официјално потврден.
Роберта, кариерата ја започнал во академијата на Феенорд, играл за сите младински селекции на Холандија, според „Трансфермаркт“, неговата вредност на фудбалскиот пазар изнесува 1.300.000 евра.
Спорт
Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Фалко

Италијанскиот напаѓач Филипо Фалко до крајот на оваа недела ќе потпише договор со Црвена звезда. „Скај спорт Италија“ објави дека српскиот шампион на Лече за услугите на Фалко ќе му плати 1.500.000 евра.
Според овој извор, Црвена звезда и Лече се договориле трансферот на Фалко да биде платен во две рати.
Овој 28-годишен фудбалер во актуелниот преоден рок имал понуди од Парма и Сасуоло. Понудите на клубовите што играат во Серија ги одбил бидејќи не му гарантирале дека ќе биде стартер.
Фалко во кариерата бил играч на Болоња, Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневенто и на Перуџа.
Спорт
Зидан: Јас сум виновен за поразот

Зинедин Зидан ја задржа присебноста и покрај сензационалната елиминација на Реал Мадрид од Купот на Шпанија. „Кралскиот клуб“ синоќа со играч повеќе во дополнителните 30 минути беше поразен од членот на Третата лига, Алкојано со 2:1.
По овој шокатнтен пораз сериозно е разнишана позицијата на Зидан во Реал. Реал против Алкојано излезе со респектибилиен тим, од стартерите на теренот ги немаше Куртоа, Варан, Рамос, Модриќ и Карвахал, а во второто полувреме на теренот влегоа Азар, Бензема, Крос и Марко Асенсио.
„Мирен сум, мислам дека момците сакаа да победат. Мислам дека играчите сè уште ми веруваат. Да почекаме да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена. Направивме неколку добри работи од почетокот на сезоната, за жал, тоа не е така во последно време“, рекол Зидан по натпреварот.
„Ја прифаќам вината. Како тренер јас сум одговорен“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот