Спорт
ЛШ: Лазаров и Нант во четврт-финале по драмата кај Кјелце!

Нант требаше да биде „отпишан“ уште по првиот меч, кога на домашен терен загуби со 25:24 од Кјелце, така што се очекуваше дека во Полска, Кјелце, полно со поранешни ракометари на Вардар, лесно ќе успее да стигне до победа и потврда на местото меѓу најдобрите осум.
Меѓутоа, тие не сметаа на инспирацијата на францускиот клуб, кој водеше во текот на целиот меч и на крајот стигна до победа од 28:30, доволна за пласман понатаму. Македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, постигна четири гола за својот клуб, но два од нив беа клучни, кога од 25:26 го зголеми водството на 25:28, по што Кјелце успеа да се врати на 30:30, пред гостите пак да поведат со 30:31, а по уште едно израмнување, Нант постигна два гола за конечни 31:34.
Валеро Ривера беше најефикасен за Нант со девет постигнати голови, додека за Кјелце, Владислав Кулеш заврши со осум гола.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Кјелце – Нант 31:34 (13:15), прв меч 25:24, вкупно 56:58
Алборг – Порто 27:24 (10:9), прв меч 29:32, вкупно 56:56, Алборг има повеќе постигнати голови на гости
Кил – Пик Сегед 33:28 (18:15), прв меч 33:28, вкупно 66:56
Барселона – Елверум 39:19, прв меч 37:25, вкупно 76:44
Флензбург – ППД Загреб вториот меч нема да се игра, прв меч 36:30
Пари Сен-Жермен – Целје 08.04, прв меч 37:24
Мешков Брест – Мотор Запорожје 08.04, прв меч 30:32
Веспрем – Вардар 08.04, прв меч 41:27
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.