Спорт
Луис Суарез: Во Барселона ми рекоа дека сум стар за да играм на врвно ниво

Трансферот на Луис Суарез од Барселона во Атлетико, се уште е интересен за спортската јавност. Уругваецот во летниот преоден рок, буквално беше избркан од „Ноу Камп“. Тој кариерата ја продолжи во Атлетико, каде засега одлично му оди, на 20 натпревари во Ла Лига има постигнато 16 голови.
Во интервју за „Франс фудбал“, Суарез, открил што се случувало во деновите пред неговото заминување и како како го одбрал Атлетико.
„Најмногу ми пречеше кога ми рекоа дека сум стар и дека повеќе не можам да играм на високо ниво. Дека не можам да го предводам тимот. Тоа не ми се допадна. Јасно ми е дека три или четири години не придонесував многу, но секоја сезона давав повеќе од 20 голови. Имав добра статистика, само Меси беше подобар од мене. Многу играчи што г донесоа во клубот на крајот не беа на нивото кое се очекуваше од нив. Јас за шест години секогаш го исполнував она што се бараше од мене. Но некои работи се сменија во Барселона и јас го прифатив тоа. Не ми се допадна само начинот на кој то го направија тоа. Мислам дека заслужив со почит да се однесуваат кон мене“, рекол Суарез.
Заминав, бидејќи сакав да им покажам на сите таму, дека и понатаму можам да играм на врвно ниво.
„Ми се допадна идејата да се преселам во Атлетико, тоа е амбициозен клуб. Никој од Барселона не го договори мојот трансфер. Тоа беше моја лична одлука, тие ништо не знаеја“, заклучил Уругваецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико не го дава врвот, пак се врати на +5 пред Барса

Атлетико Мадрид стигна до гостинска 0:2 победа кај Вилјареал за да ја продолжи низата на „жолтата подморница“ без победа, и да се врати на +5 предност пред Барселона на врвот на Ла лига, и тоа со натпревар помалку.
На „Керамика“, тимот на Диего Симеоне дојде во водство во 25. минута со автоголот на Алфонсо Педраза, а победата беше потврдена во 69. минута преку Жоао Феликс.
„Рохибланкос“ имаат 58 поени од 24 меча, пред Барселона со 53 од 25 меча и Реал Мадрид со 52 од 24 меча. Вилјареал се на седмото место со 37 поени.
Спорт
Ребиќ ја „урна“ Рома, по што сочно ги опцу

Со голот на Анте Ребиќ, Милан стигна до трилер 2:1 победа на гостувањето кај Рома да ја прекине лошата серија од два порази во Серија А и да се доближи на четири поени од лидерот Интер.
Во првото полувреме имаше речиси се – обид со петица на Златан Ибрахимовиќ, многу шанси на двете страни, стативи, за на крајот во 43. минута „росонерите“ да дојдат во водство од пенал откако Фацио направи фаул на работ на шестнаесетникот, а Френк Кеси беше сигурен од белата точка.
Меѓутоа, во второто полувреме, Рома успеа да врати преку Жордан Верету во 50. минута, пред на сцена да стапи хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ осум минути подоцна, со убав гол од свртување. Како што можат да забележат сите кои ги познаваат локалните јазици, потоа тој им упати сочна пцост на ривалите од Рома директно во камерата.
Милан сега има 52 поени, четири помалку од Интер, но дури шест пред Јувентус и Аталанта, додека Рома останува петта со 44 поени.
⚽️ GOOOAL ANTE REBIC !!!pic.twitter.com/c8KajbdQMY
— Milan Reports (@MilanReports) February 28, 2021
Спорт
Ливерпул ја прекина низата од четири порази кај Шефилд јунајтед

Можеби беше потребно гостување кај последнопласираниот тим во Премиер лигата, но лузерската серија од четири меча во низа на Ливерпул заврши, по 2:0 триумфот кај „отпишаните“ Шефилд јунајтед.
Отпорот на тимот кој веќе ја планира следната сезона во Чемпионшип беше скршен во 48. минута, кога Кертис Џонс доби „отпадок“ во шестнаесетникот и го совлада противничкиот голман. Во 66. минута, ударот на Роберто Фирмино го „закачи“ дефанзивецот на „блејдс“, Кин Брајан за 0:2 и победа на тимот на Јирген Клоп.
Покрај прекинувањето на лошата низа, трите поени ги носат Ливерпул на шестото место со 43 поени, еден зад петтопласираниот Челси и два зад Вест хем на четвртото место. Шефилд јунајтед остануваат на 11 поени на последното место, дури 15 од безбедната зона.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран