Спорт
Мбапе вечерва може да собори уште еден рекорд на Меси
Францускиот шампион ПСЖ, вечерва, од 21 часот, во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, е пред голем предизвик, на „Паркот на принцовите“ доаѓа Манчестер јунајтед.
Екипата предводена од Томас Тухел има големи проблеми со повредите, но нивната ударна игла – Нејмар и Мбапе се очекува да бидат во стројот. Токму на младиот Мбапе вечерва му треба еден гол за да собори уште еден рекорд и да влезе во историјата.
Мбапе во досегашната кариера во ЛШ има постигнато 19 гола. Ако вечерва погоди против „ѓаволите“, ќе стане најмладиот играч во историјата на ова натпреварување со 20 погодоци.
Тој рекорд сега е сопственост на Лео Меси, кој 20. гол го постигна на 22 години и 267 дена. Со оглед на тоа што Мбапе сè уште нема ниту 22 години, јасно е дека ќе го постигне рекордот ако даде барем еден гол до крајот на сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
