Daily news
Челзи го победи Сити, кикс на Ливерпул, драматичен триумф на Тотенхем
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/hazard.jpg)
Челзи ја задржа предноста од седум бода во однос на Тотенхем со победата над Манчестер Сити 2:1, во премиерлигашкото дерби. Тотенхем во финишот ги освои бодовите кај Свонски, додека Ливерпул не уапеа да го совлада Борнмут.
Челзи и Тотенхем до крајот на сезоната ќе се борат за титулата, откако по натпреварите од 31.коло разликата меѓу нив остана седум бода, додека Ливерпул е 12 бодови зад лидерот и пет зад Спарси.
Дербито на „Стенфорд Бриџ“ го реши Белгиецот Еден Азар со головите во првото полувреме. Азар најпрвин погоди за 1:0 во десеттата минута, потоа израмни Серхио Агуеро во 26-та, а крилниот напаѓач конечните 2:1 ги постави во 35.минута.
Азар изведе пенал, Кабаљеро одбрани, но топката се одби повотрно до Азар кој од втриот обид беше прецизен.
https://www.youtube.com/watch?v=bWtMEOu2AIk
Тотенхем во фото финишот ги освои бодовите кај Свонси. Спарси имаа негатива од 11.минута кога Ратлиџ го совлада Љорис. Тој резултат беше актуелен до 88.минута и израмнувачкиот гол на Деле Али, а потоа во судиското надополнување на времето Сон и Ериксен му донесоа победа на Тотенхем 1:3.
Ливерпул ги загуби минималните шанси кои ги имаше во борбата за титулата, откако одигра 2:2 со Борнмут. Гостите први стигнаа до гол во седмата минута кога гол постигна Афтобе. Ливерпул во финишот на првото и почетокот на второто полувреме направи пресврт со головите на Кутињо и Ориги, но на три минуит до крајот Кинг го постави конечниот резултат.
Арсенал ја прекина серијата од три натпревари на кои немаше победа и во последните половина час го доби градското дерби со Вест Хем. Стрелци за Арсенал беа Волкот, Езил и Жиру.
Саутемптон во последните пет минути ја обезбеди победата 3:1 над Кристал Палас, додека Хал освои значајни бодови во борбата за опстанок, со победата 4:2 над Мидлзброу. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.