Спорт
Мејведер: Завршив со боксот, тоа е брутален спорт
Американската боксерска легенда Флојд Мејведер Јуниор уште еднаш потврди дека неговото време во рингот е завршено и дека се фокусира на други бизнис-проекти, како низата боксерски вежбалници што ги отвора во САД, како и промотерската работа.
42-годишниот Американец, кој и претходно се пензионира пред големите суми да го вратат на ракавиците, си замина од спортот со совршен 50-0 скор.
„Имам повици да се вратам во рингот, но моето здравје е моето богатство. Боксот е многу, многу брутален спорт. Во последните неколку години многу боксери умреа во тој ринг. Треба да знаеш кога да се повлечеш. Имав одлична кариера“, изјави Мејведер за „Ројтерс“ демантирајќи ги сите шпекулации за можен римеч со Мани Пакјао или пресметка со Канело Алварез.
Мејведер, кој ја освои својата прва од 12-те светски титули во 1998, првин се пензионира во 2007, но веднаш се врати во рингот, по што се повлече и во 2015 за да се врати за дуел со Конор Мекгрегор во 2017 година. Во јануари оваа година тој го уништи јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава за три минути.
„Ќе патувам и ќе има егзибиции бидејќи носат многу пари, од 10 до 30 милиони долари. Ќе заработувам за три минути нешто што повеќе боксери не го заработуваат во целата кариера“, додава Мејведер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико и ништо друго – Коке ќе потпише нов договор
Хорхе Ресуресион Меродио, во светот на фудбалот познат како Коке, ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид. Коке е продукт на фудбалската акедемија на „јорганџиите“, а за првиот тим настапува од 2011 година. Ова е само уште еден доказ за љубовта на 32-годишникот кон клубот, што во денешниот фудбал е вистинска реткост.
Атлетико и Коке ќе ја искористат репрезентативната пауза за да потпишат нов договор. Допарва ќе решат дали Коке ќе потпише на една или две сезони. Желбата на фудбалерот е да добие нов двегодишен договор.
Коке е апсолутен рекордер според бројот на одигран натпревари за Атлетико. Досега во кариерата дресот на „јорганџиите“ го носел на 625 натпревари. За Шпанија има одиграно 70 натпревари.
Спорт
Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка
Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар, ненадејно почина на 43-годишна возраст. Колцов поранешен играч на НХЛ, а последните две и пол години беше во врска со Арина Сабаленко. Колцов бил пронајден мртов во Мајами. Тој ја придружувал својата девојка на американската турнеја.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Тој беше силна и весела личност, сакана и почитувана од играчите, соиграчите и навивачите“, соопшти Салават Јулаев, клубот во кој работеше како тренер.
Сабаленка е втората тенисерка во светот. Колцов ја бодреше од трибините во јануари кога таа ја одбрани титулата на Австралија опен.
Сабаленка последниот меч го одигра пред шест дена во Индијан Велс, кога беше поразена од Американката Ема Наваро. Оваа недела таа треба да настапи на Мастерсот во Мајами, но сигурно е дека ќе се повлече од турнирот.
Спорт
(Видео) Лејкерси ја декласираа Атланта
Лос Анџелес Лејкерси изминатата ноќ ја декласираа Атланта со 136:105. „Езерциите“ до победата ги предводеа Леброн Џејмс и ДиАнџело Расел кои заедно имаа 52 поени, 20 асистенции и 11 скокови.
Лејкерси од стартот ја презедоа контролата, играа добро во одбраната, водеа на полувреме со 14 поени, а во вториот дел го декласираа противникот.
Во редовите на Лејкерси, ДеАнџело Расел постигна 27 поени со четири скока и десет асистенции, Леброн Џејмс додаде 25 со седум скока и десет асистенции.
Ентони Дејвис мечот го заврши со 22 поени со 15 скока и шест асистенции, додека Руи Хачимура додаде 17 поени.
Кај Хокс, кои играа без најдобриот играч Тре Јанг, Џејлен Џонсон беше најефикасен со 25 поени со девет скока и четири асистенции. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ постигна 17 поени, Дежонте Мареј додаде 13, а Вит Крејчи 11 поени, исто колку и Ониека Оконгву.
Резултати:
Индијана – Кливленд 103:108
/Сиакам 19 – Ален и Леверт по 23/
Бостон – Детроит 119:94
/Браун 31 – Ајви 21/
Филаделфија – Мајами 98:91
/Макси 30 – Адебајо и Розир по 20/
Чикаго – Портланд 110:107
/Дерозан 28 – Симонс 30/
Јута – Минесота 104:114
/Секстон 24 – Едвардс 32/
Голден Стејт – Њујорк 112:119
/Кари 27 – Бренсон 34/
Сакраменто – Мемфис 121:111 п
/Монк 28, Џексон 25/