Спорт
Милан го претставија Марко Лазетиќ

Милан официјално го презентираа новото засилување, српскиот напаѓач Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена звезда во договор кој „тежи“ околу 4 милиони евра плус бонуси.
Лазетиќ, кој наполни 18 години минатата недела, потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2026 година и ќе го носи бројот 22 во Милано. Звезда ќе добие 4 милиони евра, 1 милион евра во бонуси според перформансите, и процент од секоја наредна продажба на напаѓачот.
Дел од академијата на Звезда, Милан беа заинтересирани за Лазетиќ од септември, кога постигна два гола во Младинската ЛШ против Сент Патрикс Атлетик. Лазетиќ е замена за Пјетро Пелегри, кој Милан го продадоа на Торино.
Official Statement: Marko Lazetić ➡ https://t.co/3w3WokAaRL
Comunicato Ufficiale: Marko Lazetić ➡ https://t.co/9Y5kh5DufZ#SempreMilan pic.twitter.com/XYwqyvIO1z
— AC Milan (@acmilan) January 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Турција во дербито на првата фаза ја победи Србија

Српската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во групната фаза на Евробаскетот, Турција беше подобра и славеше со 95:90, со што го освои првото место во Групата А.
Натпреварот беше вистинско уживање за љубителите на кошарката, со спектакуларен дуел помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун кој практично го диктираше темпото на двата тима.
Од првите минути, средбата беше неизвесна. Селекторите Ергин Атаман и Светислав Пешиќ не калкулираа, а нивните тимови постојано се менуваа во водство.
Србија започна добро, но Турција набрзо го презеде водствотт. Во текот на сите 40 минути резултатот беше речиси изедначен, а решавачкиот момент се случи на крајот кога Никола Јовиќ промаши зицерот за +6, а Марко Гудуриќ ја загуби топката во критична ситуација.
Проблем за Србија е повредата на Алекса Аврамовиќ, кој го напупти теренот во финишот на првото полувреме и не се врати на теренот. Турција ја топрпедира Србија со 18 тројки од 31 шут.
Никола Јокиќ беше најефикасниот играч во Србија со 22 поени, девет скока и четири асистенции. Марко Гудуриќ додаде 12 поени, додека Филип Петрушев постигна 11 поени.
Алперен Шенгун го предводеше турскиот тим со 28 поени, 13 скока и осум асистенции, додека Шејн Ларкин постигна 23 поени и девет асистенции, а Чеди Осман уфрли 16 поени.
Во осминафиналето Турска ќе игра против Шведска, а Србија против Финска.
foto/ EPA
Спорт
Хосни му го донесе Суперкупот на Пелистер

Ракометарите на пелистер го освоија Суперкупот, со што официјално започна сезоната на домашните терени. Пелистер во Кавадарци го победи Вардар со 27:26. Мечот го реши Хосни со гол на седум секунди до крајот.
Првата половина од првиот дел им припадна на пелистерци, создадоа два гола предност, но Вардар бргу одговори, ја презеде контролата, изедначи, а во 26.минута црвено-црните ја достигнаа највисоката разлика (9:13).
Тука Вардар застана, во наредните четири минути му дозволи на Пелистер да постигне три гола (12:13).
Добрата игра од финишот на првиот дел Пелистер ја пренесе и во втрото полувреме, кога си ја врати предноста од два гола.
Актуелните шампиони имаа во 53. минута 26:22, но не знаеја да го затворат натпреварот. Вардар се врати со серија од четири гола. На седум секунди до крајот Хосни го постигна голот за победа.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Црна Гора испадна од ЕП, Вучевиќ во солзи се збогува со репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора доеживеа елиминација од Евробаскетот. Во последниот натпревар во Б групата, Црна Гора загуби од Велика Британија 89:83. Пред дуелот меѓу Шведска и Литванија, три селекции имаат по една победа, во тој круг најдобра е Шведска која од четвртото место ќе оди во осминафиналето.
Натпреварот во Тампере беше последен во дресот на националниот тим за Никола Вучевиќ. Центарот на Чикаго Булс единствен беше на потребното ниво против Велика Британија со 31 поени, 11 скока и седум асистенции.
Солзите на Никола Вучевиќ во микс зоната на „Нокиа Арена“ во Тампере ќе останат единствената слика што ќе се памети од петтиот настап на Црна Гора на Евробаскетот.
„Имаше некои ситуации, но не е вина на судиите, туку наша вина. Многу грешки за натпревар од вакво ниво. Им дозволивме повеќе отколку што тие самите можеа. Немавме фокус, енергија и желба за игра… Не знам… Едноставно не игравме на нивото, не ја оправдавме улогата на фаворити, не бевме на потребното ниво. Наша вина е“, рече Вучевиќ.
Вучевиќ потврди дека денешниот дуел беше негово збогување со репрезентацијата.
„Имаше добри и лоши моменти, што е дел од кариерата. Би сакал да им се заблагодарам на сите, почнав како кадет, би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи со кои поминав низ многу работи и ќе ги паметам тоа – тие пријателства. Што се однесува до самата кошарка, тоа Светско првенство останува како добар спомен, денес жалам што не успеавме, ова ќе беше голем успех. Благодарност до навивачите кои секогаш нè следеа“.
Foto/ EPA