Спорт
НФЛ-легендата Ретлисбергер стави крај на 18-годишната кариера

Двократниот супербол-шампион, (Биг) Бен Ретлисбергер, потврди дека се повлекува од НФЛ-лигата откако цела 18-годишна кариера ја помина во Питсбург стилерс.
„Патот беше возбудлив, придвижен од духот на натпреварувањето. Но, дојде време да ја исчистам соблекувалната, да продолжам да бидам тоа што можам за мојата сопруга и децата. Си заминувам како благодарен човек“, вели квотербекот.
39-годишниот Ретлисбергер двапати го освои Суперболот со Стилерс и шестпати беше дел од пробол-тимот и речиси сигурно ќе заврши во Куќата на славните завршувајќи како петти на листата на додадени јарди (64.088).
Неговата фантастична кариера на почетокот беше контроверзна по обвинувањата за сексуален напад во 2009 и 2010 година. Првиот случај беше договорен надвор од суд, а тој од 2010 воопшто не стигна до суд.
A message from Ben:@steelers #NFL #SteelersNation #ThankYou#HereWeGo #LoveAndHonor pic.twitter.com/pUbKGO1nUs
— BigBen7.com (@_BigBen7) January 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи одбил 90 милиони евра од Арсенал за Осимен

Наполи одбил да го продаде напаѓачот Виктор Осимен на Арсенал, откриваат италијанските медиуми. Раководството на „наполитанците“ ја одбило понудата на англискиот клуб во висина од 90 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис процени дека 23-годишниот Нигериец вреди 110 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да привлече двајца напаѓачи во својот тим откако Пјер-Емерик Обамејанг си замина во јануари, а најверојатно по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти и Александре Лаказет. Иднината на Еди Нкетија е исто така неизвесна.
Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.
Спорт
Барса понуди 32 милиони евра за Левандовски, а Баерн бара три милиони повеќе

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е многу блиску до трансфер во Барселона. Како што откриваат германските медиуми, двата клуба не се многу далеку во преговорите околу отштетата.
Барселона е подготвена да плати 32 милиони евра и да го откупи Левандовски кој влегува ви последната година од актелниот договор со Баерн Минхен, а баварскиот клуб бара 35 милиони евра.
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека Левандовски ќе остане и следната сезона на „Алијанц арена“, но сега тоа е малку веројатно.