Спорт
Милан сака да го врати Мората во Серија А
Италијанскиот калчолигаш Милан може да го врати Алваро Мората во Серија А, пишува „Газета дело спорт“. Клубот е насочен кон напаѓачот на Атлетико Мадрид за евентуално засилување во нападот во текот на летниот преоден рок.
Мората веќе има големо искуство во италијанската елита, благодарение на неговите два периоди во Јувентус меѓу 2014 и 2016 година, како и меѓу 2020 година и 2022 година, со вкупно 35 голови на 130 натпревари во Серија А.
Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува следната година, што е во корист на „росонерите“, бидејќи цената на играчот ќе падне до 20 милиони евра.
30-годишниот играч, кој вечерва ќе дебитира како капитен на Шпанија, уште во 2017 година беше поврзуван со Милан, но потоа се пресели во Челси. Во тековната сезона постигна 12 гола и забележа три асистенции во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швајцарија ќе игра на СП во ракомет
Светската ракометна федерација (ИХФ) и врачи специјална покана на Швајцарија за настап на Светското првенство на наредната година. Швјацарците одиграа два драматични натпревар во баражот против Словенија, на крајот Словенците се пласираа на Мундијалот.
Две селекции од регионот, Србија и Црна Гора се надеваа но на крајот извисија за специјалната покана.
Иако претходно беше најавено дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) во дописот доставен до ИХФ наведува дека врз основа на пласманот на Европското првенство, Црна Гора е прва на листата на замени, а по неа се Швајцарија, Србија, Грузија и Фарски Острови, сепак ИХФ донесе поинаква одлука.
За потсетување, во баражот Србија по голема борба беше поразена од големиот фаворит Шпанија, додека Црна Гора се изрезил против Италија .
Покрај резултатите и квалитетот на изборот на кандидатите, ИХФ се осврна и на економскиот аспект, поточно можноста за продажба на ТВ правата, а Швајцарија кога сето тоа ќе се собере беше најпосакувана.
Дополнително, треба да се нагласи дека ИХФ воопшто во предвид ги немала Србија и Црна Гора, туку покрај Швајцарија во игра биле Кина и Саудиска Арабија.
Од просторите на поранешна Југославија покрај Македонија пласман изборија Хрватска како еден од домаќините и Словенија.
Спорт
Гасперини: На неверојатен начин се запишавме во историјата
Аталанта го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.
Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.
Аталанта одигра совршен натпревар, најзаслужен за тоа е тренерот Џан Пјеро Гасперини кој во целост го надмудри младиот колега Чаби Алонсо.
„Мислам дека испишавме историја, но начинот на кој го освоивме трофејот е неверојатен. Ги повторивме изданијата од Ливерпул и Лисабон. Спортинг ја освои лигата, Ливерпул беше прв во Премиер лигата кога игравме таму, Баер Леверкузен доминираше во Бундеслигата”. рече Гасперини и продолжи:
„Ние често играме со тројца напаѓачи, моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, немаше да биде доволно за победа доколку решевме да се браниме. Знаевме дека овие тимови се одлични кога напаѓаат, но не се толку добри кога ќе ги принудиш да се бранат. Сите мои играчи беа извонредни“.
Спорт
Баерн преговара и со Венсан Компани
Тренерот на Барнли, Венасн Компани, од следната сезона би можел да го предводи Баерн Минхен.
Според новинарот на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг, Баерн е сериозно заинтересиран за Винсент Компани.
Се наведува дека се водени прелиминарни разговори и дека некои од клупските ченици сметале дека Компани има голем потенцијал.
Баерн долго време се мачи да најде нов тренер. Откако донесоа одлука да се разделат со Томас Тухел, не можат да најдат соодветна замена.
Понуда од клубот одбија Јулијан Нагелсман, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Ралф Рагник.
Наводно, Баер го следи Компани уште од моментот кога влезе во тренерските редови и ја започна кариерата како стратег на Андерлехт.
Моментално е тренер на Барнли, минатата сезона успеа да избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати назад. Неговиот тим заврши на 19. место на табелата во елитното англиско првенство.
Баерн би морал да плати обештетување доколку дојде до договор за соработка.