Спорт
Момчето чиј телефон го скрши Роналдо е аутистично, открива неговата мајка
Сара Кели, мајката на 14-годишниот Џејк Хардинг, вели дека Кристијано Роналдо го „нападнал“ нејзиниот син по инцидентот по крајот на мечот Евертон-Манчестер јунајтед по скандалозните снимки на кои се гледа како Португалецот го избива телефонот од момчето.
Во интервју за „Ливерпул ехо“, мајката вели дека момчето, кое има аутизам, првпат било на „Гудисон парк“ да ги гледа своите омилени Евертон, кои стигнаа до 1:0 победа. Роналдо беше исфрустриран од резултатот, но и од повредата која ја доби, но тоа не може да го оправда однесувањето. Тој се извини преку Инстаграм и го покани навивачот на „Олд Трафорд“.
„По крајот на мечот, фудбалерите на Манечстер јунајтед излегувааа од теренот и ние бевме на ‘Парк Енд’, и мојот син ги снимаше. Потоа го наведна телефонот бидејќи Роналдо ја имаше спуштено чорапата и имаше крв на ногата. Тој не му кажа ништо, а Роналдо го удри по раката и му го скрши телефонот. Не ми се верува дека тоа се случи. Џејкоб беше во целосен шок, тој има аутизам и диспраксиј, така што не сфати точно што се случи додека не се врати дома. Сега е вознемирен и не сака да оди на натпревар повторно. Ова беше првпат да оди на натпревар и се случи ова. Роналдо му беше идол. Ќе сфатев тоа да се случеше ако Џејк му мафташе пред лице или нешто друго. Како да објаснам дека аутистично момче е нападнато од фудбалер“, вели мајката Сара во интервју за „Ливерпул ехо“.
Footage circulating on social media shows Ronaldo appearing to knock an object out of someone’s handhttps://t.co/jk6xWOIFTo
— Liverpool Echo (@LivEchonews) April 9, 2022
Ronaldo assaulted a kid because he lost a game. Crazy pic.twitter.com/2Cr6mYNqT4
— MC (@CrewsMat10) April 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.