Спорт
Награда од речиси 900.000 долари на Пакистанецот за златото на Олимписките игри
Пакистанскиот фрлач на копје Аршад Надим ќе биде награден со 250 милиони рупии или 897.000 американски долари за освоениот златен медал на Олимписките игри во Париз.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на церемонијата во чест на Надим објави дека ќе му бидат доделени 150 милиони рупии (538.000 американски долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од 100 милиони рупии (359.000 долари).
Наваз на Надим му ги предаде и клучевите од новиот автомобил со специјална регистерска табличка „ПАК 92,97“, во знак на неговиот истрел на Игрите од 92,97 метри, со кој го собори олимпискиот рекорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

