Спорт
Најплатените 10 во светот: Еден игра во Европа, еден во САД, дургите во Саудиска Арабија
Францускиот весник „Паризијен“ ја објави ревидираната листа на најплатените светски фудбалери. Само еден од десетте најплатени во светот игра во Европа.
Според договорите што ги имаат со своите клубови „Паризијен“ ја направи оваа листат. Забележливо е дека приматото го презедоа играчите кои настапуваат за клубовите од Саудиска Арабија.
Во првите десет еден игра во Европа, а еден во САД. Разбирливо е дека секој знае за кого станува збор – Килијан Мбапе (ПСЖ) и Лионел Меси (Интер Мајами).
ги објави десетте најдобро платени фудбалери во светот, земајќи ја предвид само заработката која играчите ја заработуваат на сметка на договорите со своите клубови.
Првото место на листата го делат поранешните соиграчи од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Ал Наср и Ал Итихад за нивните услуги годишно издвојуваат 200 милиони евра.
Третото и четвртото место се резервирани за Нголо Канте, соиграчот на Бензема од Ал Итихад и Нејмар, кој штотуку пристигна во Саудиска Арабија откако потпиша договор со Ал Хилал. Канте и Нејмар договорориле годишни плати од 100 милиони евра.
Со година плата од 70 милиои евра, на петтото место е Мбапе, а зад него со 45 милиони евра е Меси.
Листата ја затвораат Садио Мане (40 мил. Ал Наср), Џордан Хендерсон (40, Ал-Етифак), Ријад Махрез (35, Ал Ахли) и Калиду Кулибали (30 Ал Хилал).
Football's 10 best paid footballers. 8 in Saudi Arabia, 1 in US and just 1 in Europe. 9 of 10 contracts signed this year (in €, from Le Parisien). pic.twitter.com/0suVkvwiaX
— Colin Millar (@Millar_Colin) August 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во Минхен, Реал е поблиску до големото финале
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ во Минхен, Реал се спаси од пораз во 84.минута, кога Винисиус Жуниор од пенал го изедначи резултатот. Претходно, Бразилецот погоди за Реал во 24.минута, а Баерн во вториот дел, во само четири минути со головите на Сане и Кејн од пенал, направи пресврт.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше извонреден, онака како што двете екипи сезонава играат во Лигата на шампионите.
На крајот заврши без победник, што пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ му носи поголема предност на „кралскиот клуб“.
Сепак, Баерн покажа дека не е за отпишување и ќе има што да каже за осум дена во шпанската престолнина.
Спорт
Ферари демне: Наскоро ќе биде официјално – Њуи си заминува од Ред Бул
Еден од најзаслужните за успехот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот, главниот инженер на австрискиот тим Адријан Њуи ќе го напушти актуелниот шампион во конкуренција на конструктори.
Како што пренесуваат многу европски медиуми, се е договорено и се очекува Ред Бул да ја потврди оваа вест пред почетокот на Големата награда на Мајами.
Њуи е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Формула 1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година. Причините за разделбата се наводно незадоволство од улогата што ја има во тимот и несогласување со тимскиот шеф Кристијан Хорнер.
Овој 65-годишник има актуелен договор кој е со важност до крајот на 2025 година, а за тоа досега не се огласил. Исто така, Ферари наводно веќе разговарал со Њуи и му испратил понуда за соработка.
Покрај загубата што би ја претставувало заминувањето на Њуи, тоа исто така потенцијално би го доведе во прашање статусот на трикратниот последователен светски шампион Макс Верстапен, кој е бескомпромисно лојален на Њуи и советникот Хелмут Маркo.
Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест конструктори за Ред Бул.
Во генералниот пласман сега води Верстапен со 110 бодови, а зад него е соиграчот Перез со 85.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Мајами од 3 до 5 мај.
Спорт
Турски милионер го купува Марибор
Турскиот милионер Ацун Иликали наскоро ќе го заврши преземањето на словенечки Марибор.
„Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен клуб, Олимпија е добро познато име во Европа, исто така и Марибор“, изјави тој за Спортклу Словенија“.
„На крајот морате да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Ми беше многу важно да имам аеродром во близина бидејќи постојано патувам. Мал аеродром да доаѓам и заминувам, а работа да не трпи. Јас сум луд по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари“.
Ова значи дека Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.
Марибор 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет Купа и четири словенечки Суперкупа, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Сезонава не им оди баш најдобро, се само третопласирани зад Целје и Олимпија.
Иликали веќе е сопственик на англиски Хал Сити, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и ирскиот Шелбурн.
Сопственик е на ТВ каналите TВ8 и TВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година тој беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор.