Спорт
Нерешено по првиот ден во Фед купот

По првите два меча во синг нерешен е резултатот во финалето на Фед купот помеѓу Австралија и Франција.
Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти го израмни резултатот откако за само 56 минути ја декласираше Каролин Гарсија со 6/0, 6/0.
„Веројатно ова беше најдобриот меч што сум го одиграла во кариераа. Не можев да посакам посовршен меч“, рекла Барти.
Претходно првиот поен за Франција го освои Кристина Младеновиќ. Слично како Барти и таа беше убедлива против Аља Томљановиќ (6/1, 6/1).
Вториот ден на програмата се два меча во синг и пресметката во двојки.
Франција последната титула во Фед купот ја освоила во 2003 година, додека Австралија се бори за првиот трофеј уште од далечната 1974 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитров за 45 минути го загуби четвртфиналето во Монте Карло

Бугарскиот тенисер Григор Димитров на неславен начин е елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Алекс де Минор беше подобар од 18. тенисер во светот, што само по себе не е изненадување, изненадување претстаува резултатот. Австралиецот по само 45 минути игра се пласира меѓу четирите најдобри во Кнежевството.
Де Минор на противникот не му дозволи да освои ниту еден гем, победи со 6:0, 6:0.
Тоа е негова трета последователна победа над Бугаринот и прво полуфинале на земјана подлога и второ полуфинале во кариерата на Мастерс турнирите.
Што да се каже за самиот меч во кој еден тенисер ги доби сите 12 гема? Димитров за кратко време направи 23 неизнудени грешки, односно три пати повеќе од противникот.
Познато е дека Димитров не сака да игра на оваа подлога, но не толку за да не освои ниту еден гем. Особено против Де Минор, кој и самиот не е специјалист за земјена подлога.
Мора да се признае дека десеттиот тенисер го игра најдобриот тенис во кариерата на земјена подлога бидејќи на претходните три меча во Монте Карло против Махач, Медведев и Димитров испушти само седум гема.
Де Минор за финале ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Лоренцо Музети и Стефанос Циципас. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанците Карлос Алкараз и Алехандро Давидович Фокина.
Спорт
Нов обложувачки скандал во Италија: Многу ѕвезди се под истрага

Нов скандал во врска со местење натпревари го тресе италијанскиот фудбал. Под истрага се многу познати имиња.
Локалната „Ла Република“ внимателно ја следи целата ситуација, а споменатиот медиум наведува дека се појавила нова група осомничени поради одлуката на надлежните органи да ги пребараат телефоните на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
Овие двајца ги отслужија казните за учество во нелегално обложување (Тонали 10 месеци, Фаџоли седум месеци), а содржината на нивните мобилни уреди, на обвинителството во Милано му „препорача“ дури 12 нови имиња.
Во извештајот се споменува дека фудбалерите плаќале огромни суми на нелегални платформи за обложување, а посредник била миланската златарница „Елизијум“.
Надлежните ги пронашле имињата на Алесандро Флоренци (Милан) и Матео Канчелиери (Парма) во табелата за исплата на долгови кон споменатата златарница.
На листата на осомничени се легендарниот крилен играч и поранешен играч на Јувентус, Анхел Ди Марија, како и Николо Заниоло (Фиорентина), Вестон Мекени (Јувентус), Раул Беланова (Аталанта), Самуеле Ричи (Торино), Матијас Перин (Јувентус), Жуниор Фирпо (Лидс) и Леандро Паредес (Рома).
Фаџоли во текот на истрагата признал дека побарал финансиска помош од клупскиот колега Федерико Гати, но и од Раду Драгушин. Двајцата, сепак, не се осомничени.
Споменатите Тонали и Фаџоли повторно се предмет на истрага, а Заниоло изјави дека никогаш не се обложувал на фудбал, туку исклучиво на тенис и казино.
Се уште не е познато кои тенисери се дел од широка нелегална обложувачка мрежа, а миланскиот обвинител во текот на тековниот процес заплени 1.500.000 евра.
Спорт
Христов: Нема повеќе да има притисоци врз селекторите, во малдинските категории ќе играат најдобрите

Фото/ ffm.mk
Три месеци по неговото назначување за технички директор во ФФМ за развој на младинскиот фудбал, Ѓорги Христов на брифинг со претставници на медиумите даде видување за досегашната своја работа.
„Оваа функција носи голема одговорност, но и привилегија. Од првиот ден сум присутен на терен, заедно со колегите, постојано следејќи ги натпреварите и развојот на младите фудбалери ширум државата“, изјави Христов.
Во изминатиот период, воспоставена е стабилна структура со назначување на координатори по генерации. Артим Шаќири и Сашо Милошевски се назначени како координатори за категориите од 2007 до 2012 година. Тие го следат секое дете, ќе бидат директна поддршка за селекторите и ќе обезбедат квалитетна анализа за секоја генерација.
Новитет во системот е и воведувањето на видео анализа – област што досега воопшто не беше дел од младинските селекции.
Ангажирани се поранешните репрезентативци Никола Глигоров и Филип Ивановски, кои ќе го подигнат нивото на подготовка и детална анализа на играта.
Посебно внимание се посветува на Детската лига, како основа за фудбалскиот развој.
„Децата на таа возраст се како сунѓери – сè прифаќаат. Затоа, воведовме нови правила со цел тие да играат „фудбал по земја”, од „нога на нога”, да научат да ја изнесат топката организирано, а не сè да зависи од тоа дали голманот ќе центрира до другиот крај на теренот. Сакам да создаваме фудбалери кои размислуваат на теренот.“
Во однос на скаутирањето, пристапот е избалансиран и фокусиран на квалитетот.
„Имаме таленти тука, во Македонија – прекрасни деца, вредни, посветени. Затоа и нашата главна концентрација мора да биде тука. Но, тоа не значи дека нема да ги следиме децата со македонско потекло надвор од земјава. Напротив, сите што имаат квалитет и можат да направат разлика на натпреварите, се добредојдени. Единствениот критериум е квалитетот.“
Христов отворено зборува и за состојбата со Академијата на ФФМ.
„Ако Академијата функционираше како што треба, денес немаше да селектираме повеќе од 150 деца од терен. Фактот дека тие деца не се натпреваруваат во официјален систем е парадоксален. Академијата треба да биде пред репрезентативна селекција, а реалноста е далеку од тоа. Веќе две години тие немаат одиграно ниту еден натпревар и искрено, не гледам смисла да продолжиме во истата форма. Ќе видиме каква ќе биде одлуката, но вака – не оди.“
Техничкиот директор откри и со какви притисоци се соочувале во минатото селекторите на младинските категории.
„Селекторите во минатото се жалеа на директни притисоци од раководството, од политичари, бизнисмени, од доктори и новинари. Тоа време заврши. Секој селектор кој ќе почувствува притисок од било кого треба веднаш мене да ми пријави. Мора,е да ги искорениме сите форми на влијание. Шанса ќе добие секое талентирано дете, ќе играат само најдобрите, без разлика на потекло, врски или препораки“, додаде Христов.