Спорт
Нгану доби херојски пречек во Камерун, УФЦ-појасот го предаде на својата мајка

УФЦ шампионот во тешка категорија Френсис Нгану доби херојски пречек во својот роден Камерун, враќајќи се во земјата првпат откако го нокаутираше Стипе Миочиќ и му ја одзеде титулата.
Популарниот „Предатор“ пристигна на аеродромот во најголемиот камерунски град Дуала, каде што добива букет цвеќе и полициска придружба, додека неговата мајка го доби УФЦ-појасот. Улиците на градот од 3 милиони луѓе беа преполни со негови фанови.
Ова е комплетирање на приказната од бајките на Нгану, кој само пред неколку години беше во бегалски камп во Шпанија по бегањето од Камерун, пред да остане бездомник во Париз Париз да го создаде митот на еден од УФЦ-фајтерите со најмоќен нокаут
Нгану беше посебен и од легендата на камерунската фудбалска репрезентација Ригоберт Сонг, кој освои две титули од Африканскиот куп и четири пати ги преводеше на Светски првенства.
Следниот противник на Нгану засега е непознаница, иако сите сакаат пресметка со поранешниот шампион во средно-тешка категорија Џон Џонс, така што пореална опција е Дерик Луис, единствениот фајтер против Миочиќ кој го има победено Нгану.
?? @FrancisNgannou gets a hero’s reception on his return to Cameroon!
The new heavyweight champion put the belt on his mother and toured the streets of Douala!
(? @ckomentmagazine & @DidierLefa) pic.twitter.com/Esak79mSE6
— UFC on BT Sport (@btsportufc) April 28, 2021
This is what it’s about!@francis_ngannou gifted the belt to his mother and met Cameroon legend Rigobert Song ?? pic.twitter.com/jOZ86Usuuq
— UFC on BT Sport (@btsportufc) April 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бојан Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби место во најдобриот тим на колото во првенството на Шкотска, што го објавува влијателниот „Би-Би-Си“. Напаѓачот на Абердин имаше одличен настап за својот тим во триумфот од 3:1 против Мадервил.
Миовски постигна два гола во победата на Абердин.
Спорт
Фудбалски тренер загубил 15 членови на семејството во земјотресот во Турција

Два страшни земјотреси го погодија југот на Турција. Првиот се случи рано утрото со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот удри неколку часа подоцна со јачина од 7,5 степени. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува речиси повеќе од 2.300, а илјадници се повредени.
Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот удрил додека најголем дел од луѓето спиеле.
Техничкиот директор на фудбалскиот клуб Сиваспор, Риза Калимбеј, изјави дека во трагедијата загинале 15 членови на семејството на Ајхан Тенбелоглу, еден од асистентите во стручниот штаб на турскиот клуб.
„Многу ни е жал за сите жртви. Наше сочувство. Утрото го повикавме нашиот тренер на голманите Ченгиз. Дознавме за нивната ситуација. Многу ни е жал за еден од помошниците тренери, Ајхан Тенбелоглу, дури 15 членови на неговото семејство починаа. Во Сивас врне и силен снег и тоа ја отежнува ситуацијата. Живееме во многу тежок ден и како клуб ќе дадеме сѐ од себе да помогнеме“, изјави Калимбеј.
Спорт
Цела одбојкарска екипа исчезнала под урнатините од земјотресот во Турција

Разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што го погодија југот на Турција однесоа повеќе од 2.100 животи, според моментно достапните податоци. Речиси 9.000 луѓе се повредени, а се стравува дека овие бројки ќе се зголемат бидејќи земјотресот ги затекна повеќето луѓе на спиење.
Токму тоа се случи и со одбојкарките на Хатајспор во земјотресот што во раните утрински часови го погоди тој дел на Турција.
Информацијата за нивното исчезнување под урнатините со апел за помош преку социјалните мрежи ја испрати турски одбојкар, а ја пренесоа и локалните медиуми.
Наводно, сите одбојкарки ноќта ја поминале во зграда која била урната во земјотресот.
Турските медиуми јавуваат дека под урнатините се наоѓаат и голем број борачи.