Спорт
Навивачите на Рајо го „дезинфицираа“ стадионот по посетата на десничарските политичари

Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Валјекано, познати по своите левичарски убедувања, имаа необична акција на „дезинфенкција“ на својот стадион „Валјекас“, откако на натпреварот со Албасете (2:2) во посета на клубот беа двајца десничарски политичари.
Газдата Раул Мартино Преса ги покани на натпреварот Сантијаго Абаскало и Роси Монастерија, лидери на ултрадесничарската партија „ВОКС“, по што навивачите во заштитни костими со метли го чистеа стадионот.
„Нашиот стадион и нашиот клуб мора да бидат слободни и исчистени од фашизам“, објавија навивачите.
?? Aficionados del @RayoVallecano acuden al Estadio de Vallecas a “limpiar las instalaciones” tras la visita de Santiago Abascal y Rocio Monasterio, líderes de VOX, para ver el #RayoAlbacete
? @josedpalacio pic.twitter.com/s9Aw0e2oti
— Carrusel Deportivo (@carrusel) April 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бојан Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби место во најдобриот тим на колото во првенството на Шкотска, што го објавува влијателниот „Би-Би-Си“. Напаѓачот на Абердин имаше одличен настап за својот тим во триумфот од 3:1 против Мадервил.
Миовски постигна два гола во победата на Абердин.
Спорт
Фудбалски тренер загубил 15 членови на семејството во земјотресот во Турција

Два страшни земјотреси го погодија југот на Турција. Првиот се случи рано утрото со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот удри неколку часа подоцна со јачина од 7,5 степени. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува речиси повеќе од 2.300, а илјадници се повредени.
Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот удрил додека најголем дел од луѓето спиеле.
Техничкиот директор на фудбалскиот клуб Сиваспор, Риза Калимбеј, изјави дека во трагедијата загинале 15 членови на семејството на Ајхан Тенбелоглу, еден од асистентите во стручниот штаб на турскиот клуб.
„Многу ни е жал за сите жртви. Наше сочувство. Утрото го повикавме нашиот тренер на голманите Ченгиз. Дознавме за нивната ситуација. Многу ни е жал за еден од помошниците тренери, Ајхан Тенбелоглу, дури 15 членови на неговото семејство починаа. Во Сивас врне и силен снег и тоа ја отежнува ситуацијата. Живееме во многу тежок ден и како клуб ќе дадеме сѐ од себе да помогнеме“, изјави Калимбеј.
Спорт
Цела одбојкарска екипа исчезнала под урнатините од земјотресот во Турција

Разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што го погодија југот на Турција однесоа повеќе од 2.100 животи, според моментно достапните податоци. Речиси 9.000 луѓе се повредени, а се стравува дека овие бројки ќе се зголемат бидејќи земјотресот ги затекна повеќето луѓе на спиење.
Токму тоа се случи и со одбојкарките на Хатајспор во земјотресот што во раните утрински часови го погоди тој дел на Турција.
Информацијата за нивното исчезнување под урнатините со апел за помош преку социјалните мрежи ја испрати турски одбојкар, а ја пренесоа и локалните медиуми.
Наводно, сите одбојкарки ноќта ја поминале во зграда која била урната во земјотресот.
Турските медиуми јавуваат дека под урнатините се наоѓаат и голем број борачи.