Спорт
Ништо од одмазда – Монпелје повторно го победи Вардар

РК Вардар 1961 го забележа првиот пораз во новата сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во реприза на полуфиналето од ЛШ од 2018, дома повторно загуби од Монпелје, овојпат со 25:31 (11:15).
Монпелје во 2018 година ги спречи Вардар да играат (тогаш) второ финале на Лигата на шампионите, а овојпат дојдоа подготвени во Скопје за да ја забележат втората победа во новата сезона против тимот на Веселин Вујовиќ.
Францускиот клуб започна одлично со 0:2 предност, и во текот на целото прво полувреме ја оддржуваше предноста за на полувреме да се отиде со четири гола негатива (11:15). Во второто полувреме, наместо да се случи камбек на „црвено-црните“, францускиот клуб го зголемуваше водството за на крајот да стигне до голема победа и болен пораз за Вардар.
Жулиен Бос беше најрасположен за игра со 7 гола, колку што имаше и Килијан Вилјемино, додека за Вардар Тимур Дибиров даде 7 гола, додека Жереми Тото заврши со 6.
Фото: РК Вардар 1961
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА А
Вардар – Монпелје 25:31 (11:15)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));
ГРУПА Б
Кјелце – Флензбург 37:28 (21:16)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-37565”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.
Спорт
Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.
Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци.
Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во шпанскиот Леганес, а потоа во Утрехт, каде што постигна шест гола на 18 натпревари и му помогна на тимот да заврши четврти во Ередивизие и да се квалификува за Лигата на Европа.
Але сега се враќа во познато окружување, каде што ја започна својата кариера пред десет години, и потпиша нов договор со Утрехт.
Утрехт е на седмото место на табелата во холандското првенство со три бода.
Foto/ EPA
Спорт
Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.
Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.
Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркез стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.
Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:
„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам се од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркез прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.