Спорт
Нови скандалозни обвинувања за Марадона – секс и дрогирање со малолетничка

Ново видео го покажува легендарниот Диего Армандо Марадона во хотелска соба со девојка која тврди дека тој имал секс со неа кога таа имала само 16 години и ја држел затворена во соба и ја дрогирал.
Кубанката Мавис Алварез тврди дека била приморана да оди на операција за зголемување на градите, по што била однесена во Аргентина без дозвола на нејзините родители. Видеото, кое објавено на шпанскиот „Инфобеј“, доаѓа откако Алварез ја тужи придружбата на Марадона, со која се сретнал кога тој имал 40 години во 2000.
Марадона се сретнал со Алварез во хотел во градот Варадеро, кога пристигна на Куба да се одвикне од користењето дрога на покана на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро. Алварез тврди дека Марадона ја преселил во стан во Хавана.
„Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Бев само девојче. Тој беше странец, беше богат и ми обрнуваше внимание. Не можев да кажам не“, вели Алварез.
По оваа посета на Хавана, Алварез била однесена во Буенос Аирес во 2001, кога била држена затворена во хотелска соба речиси три месеци.
„Не ми беше дозволено да излезам сама, секогаш имаше негови луѓе покрај мене. Зошто не зборував досега? Бидејќи кубанската држава можеше да ми наштети мене и на моите родители“, додава Алварез.
Марадона почина од срцев напад минатата година на само 60 години.
Контроверзното видео може да се погледне тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
Спорт
РФМ ги донираше финансиските средства од хуманитарниот меч „Сите ѕвезди“ во СОС Детско село

Челниците на Ракометна федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го посетија СОС Детско село. Ветувањето е остварено, донацијата од настанот „Сите ѕвезди“ ќе заврши кај оние што им е најпотребна.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, потенцираа од РФМ.
Спорт
Данска ги пречека ракометните херои

Данска ги пречека ракометарите кои направија неверојатен успех откако третпат по ред ја освоија светската круна. Тоа предизвика голема еуфорија во центарот на Копенхаген каде повеќе од 20.000 фанови се собраа да им оддадат признание за големиот успех.
Данска ја победи Франција во финалето на Светското првенство, а селекторот Николај Јакобсен и ракометарите добија овации на пречекот.
„Ова е најголемиот момент во мојот живот. Ова не се опишува со зборови. Благодарност до сите што ни приредија ваков пречек, а ние ќе се трудиме и во иднина да ве радуваме“, изјави голманот Никлас Ландин.
Young guns 💪🏻
🎥: @TV2SPORTdk #handball pic.twitter.com/BFSrIszoB8— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 30, 2023