Спорт
Новиот тинејџер на Баерн: Пресреќен сум што дојдов во овој клуб
Баерн Минхен можеби не доведе вистинска замена за Роберт Левандовски кој замина во Барселона, но затоа на „Алијанц арена“ суперталентираниот млад напаѓач, 17-годишниот Французин Матис Тел. Тој, според тренерот Јулијан Нагелсман, во иднина треба да израснеа во еден од најдобрите светски напаѓачи.
„Пресреќен сум што дојдов во еден од најголемите клубови во Европа, опкружен сум со фантастични фудбалери и сигурно ќе имам голема можност да напредувам“, изјави Матис Тел.
Тој доаѓа од францускиот прволигаш Рен за кој дебитираше на 16 и пол години.
????️ “I’m very excited. #FCBayern is one of the best clubs in the world!”#ServusTel #MiaSanMia pic.twitter.com/GzMcUAmrfE
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) July 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕП во 2027 година
Фудбалските сојузи на Албанија I Србија поднесоа официјална кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалер до 21 година во 2027 година.
Информацијата ја објави албанскиот сојуз.
„Албанскиот фудбалски сојуз соопштува дека се пријави за организација на завршниот турнир ЕУРО 2027 за играчи до 21 година. АФЛ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија, бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпревари на ЕУРО 2027 година“, соопштија од Тирана.
Подетални информации се официјализирани на веб-страницата на албанската куќа на фудбалот.
„По успешното домаќинство на првото финале на Конференциската лига на УЕФА во Тирана во 2022 година и добивањето на организацијата на ЕП за кадети во 2025 година, АФЛ бара да биде домаќин на уште еден голем европски фудбалски настан.
Албанија е еден од главните кандидати за домаќин на финалните натпревари на Европското првенство за млади репрезентации во 2027 година. АФЛ испрати барање до УЕФА Албанија да биде една од земјите-домаќини на завршниот турнир на ова натпреварување.
Бидејќи не се исполнети условите за бројот на стадиони потребни за нашата земја да биде домаќин на сите натпревари на Европското првенство, АФЛ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија за заедничка организација на финалната фаза на ЕУРО 2027 година.
Ова е несомнено многу амбициозен проект, кој би ја ставил Албанија во центарот на фудбалското внимание на целиот континент“.
Фудбалскиот сојуз на Србија засега не се огласил по ова прашање.
Наскоро се очекува да пристигне потврда од Белград.
Спорт
Кубарси го продолжи договорот со Барселона – Откупната клаузула изнесува 500 милиони евра
Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси (17) го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави клубот. Откупната клаузула во договорот изнесува 500 милиони евра.
Пау Кубарси, кој беше вклучен во првиот тим од тренерот Чави Ернандез минатиот јануари, доживеа метеорски подем и се етаблира како стартер практично од своето професионално деби.
Каталонецот беше повикан во шпанската репрезентација по само десет одиграни натпревари во прифесионалната кариера, а веројатно ќе биде и во составот на Шпанија на Европското првенство во Германија.
Спорт
Скариоло го продолжи договорот со Шпанија
Италијанскиот стручњак Серхио Скариоло го продолжи договорот со Кошаркарскиот сојуз на Шпанија. Ќе остане на функцијата селектор до 2028 година.
Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.
Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири пати беше европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), од ОИ има сребро во 2012 година и бронза во 2016 година.
Кошаркарите на Шпанија се уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз. Пласманот ќе се обидат да го обезбедат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.