Спорт
Паоло Малдини има свој фаворит за Златната топка
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малди има свој фаворит за Златната топка. Франс фудбал, наредниот месец, ќе ја додели престижната награда.
„Мислам дека оваа година наградата ја заслужи Роберт Левандовски. Би можел да ја добие и Крим Бензема, но Левандовски ја задржа неверојатната „глад“ за постигнувањето голови. Со својата ефикасност урна многу рекорди. Левандовски, Бензема и Меси сигурно ќе бидат најдобрите тројца. Мислам дека најголеми шанси има Меси, јас лично би сакал да победи Левандовски“, рекол Малдини во емисијата на Давид Санчез „Разбуди се Сан Франциско“, на радиото „Марка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПСЖ го официјализира трансферот на Дро Фернандез
Барселона остана без еден од своите најголеми таленти, Дро Фернандез, кој потпиша за ПСЖ. Парижаните ќе платат 8,2 милиони евра за неговите услуги.
Неговото целосно име е Педро Фернандез Сармиенто, а неговата мајка е од Филипините. Роден во Галиција, недалеку од португалската граница. Дро Фернандез се приклучи на Барселона од ЕД Вал Мињор Нигран и брзо напредуваше во младинските категории. За само три години, тој премина од тимот до 15 години во првиот тим.
Пред оваа сезона, Фернандез требаше да игра за Барса Атлетик, вториот тим на клубот што се натпреварува во четвртата дивизија.
Сепак, тој ги надмина сите очекувања за време на предсезоната, а тренерот Ханси Флик редовно го вклучуваше во првиот тим секогаш кога беше во форма. Иако одигра само неколку натпревари, Флик немаше дилеми да му даде шанса на 17-годишникот дури и во важни натпревари.
Оваа сезона, тој го имаше своето деби во стартниот состав против Реал Сосиедад, а еден месец подоцна го имаше и својот прв настап во Лигата на шампионите.
Bienvenue Dro Fernández ! ✍️❤️💙 pic.twitter.com/3GWe8Ufswr
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 26, 2026
И покрај ова, неговата иднина не е на „Камп Ноу“, бидејќи ПСЖ го договори неговиот трансфер. Моменталната пазарна вредност на Фернандез се проценува на 10 милиони евра.
Спорт
Берокал нов селектор на кошаркарската репрезентација
Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката репрезентација.
Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.
Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка.
Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).
Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.
Покрај работата со сениорски екипи, Берокал има и значајно искуство во развој на млади играчи, со 15 години работа во младински категории, вклучително и освојување на две шампионски титули во Шпанија со У18 селекции.
Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.
Ангажманот на Жозеп Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.
Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниот развој на македонската кошарка.
Izvor/ Foto: mkd.basketball
Спорт
Блатер ги советува навивачите да не одат во Америка
Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА, ја изрази својата поддршка за идејата навивачите да не патуваат во Соединетите Држави за време на Светското првенство во 2026 година (11 јуни – 19 јули) од безбедносни причини.
„Имам само еден совет за навивачите: избегнувајте ги Соединетите Држави. Постојат работи што со право го доведуваат во прашање домаќинството на ова Светско првенство“, напиша поранешниот шеф на Меѓународната фудбалска федерација (1998-2015), додавајќи:
„Она што го гледаме во Соединетите Држави, маргинализација на политичките противници, злоупотреби од страна на имиграциските служби итн. – тешко дека ги охрабрува навивачите да одат таму“.
Швајцарскиот адвокат Марк Пит, експерт за борба против корупцијата ангажиран од Блатер помеѓу 2011 и 2014 година за да предложи реформи на ФИФА, беше уште поексплицитен.
„Навивачи, избегнувајте ги Соединетите Држави. Сигурно ќе имате подобар поглед на телевизија. По пристигнувањето, навивачите треба да очекуваат дека ако не се однесуваат правилно со властите, веднаш ќе бидат испратени дома. Ако имаат среќа…“ рече Пит.
Блатер, гласен критичар на Џани Инфантино, сегашниот претседател на ФИФА, беше негов претходник до 2015 година и неговата оставка, која следеше по низа скандали.
Обвинет за измама, меѓу другото, Блатер, заедно со Мишел Платини, конечно беше ослободен во 2025 година од страна на швајцарските судови.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.

