Спорт
Пепе со два „магични“ гола од слободен удар донесе победа за Арсенал, Лацио „падна“ во Шкотска (видео)

Никола Пепе влезе во игра во 75. минута кога Арсенал губеше со 1:2 од португалскиот аутсајдер Виторија Гимараеш, за да постигне два гола за целосен пресврт и за 3:2 победа, конечно замолчувајќи ги критичарите по спориот старт кај „топчиите“
Арсенал двапати губеше (0:1 и 1:2) на „Емирати“, пред Емери да го пушти во играта „џокерот“ Пепе. Тој во 80. минута постигна прекрасен гол од слободен удар, за во 93. минута од мечот да го повтори истото само од друг агол!
Лацио пак, по три кола од Лига Европа се најде во позиција да се плаши за својот пласман понатаму, откако иако имаа водство во Глазгов, на крајот загубија со 2:1 од шкотскиот шампион Селтик. Заедно со 1:0 победата на романскиот Клуж на гости кај Рен, Лацио сега се трети со 3 поени во својата група.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Севилја – Дуделанж 3:0
Табела: 1.Севилја 9, 2.Карабаг 4, 3.Дуделанж 3, 4.АПОЕЛ 1
ГРУПА Б
Динамо Киев – Копенхаген 1:1
Малме – Лугано 2:1
Табела: 1.Копенхаген 5, 2.Динамо К 5, 3.Малме 4, 4.Лугано 1
ГРУПА Ц
Хетафе – Базел 0:1
Трабзонспор – Краснодар 0:2
Табела: 1.Базел 7, 2.Хетафе 6, 3.Краснодар 3, 4.Трабзонспор 1
ГРУПА Д
ПСВ Ајндховен – ЛАСК Линц 0:0
Спортинг Лисабон – Розенборг 1:0
Табела: 1.ПСВ 7, 2.Спортинг 6, 3.ЛАСК 4, 4.Розенборг 0
ГРУПА Е
Селтик – Лацио 2:1
Рен – ЦФР Клуж 0:1
Табела: 1.Селтик 7, 2.Клуж 6, 3.Лацио 3, 4.Рен 1
ГРУПА Ф
Арсенал – Виторија Гимараеш 3:2
Ајнтрахт Франкфурт – Стандард Лиеж 2:1
Табела: 1.Арсенал 9, 2.Ајнтрахт 6, 3.Стандард 3, 4.Виторија 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.