Спорт
Пере Гвардиола за Мичел: „Ако добие понуда од Баерн, лично ќе го однесам во Минхен
Спортскиот директор на Џирона, Пере Гвардиола изјави дека клубот нема да му стои на патот на тренерот Мичел Санчез доколку добие тој понуда од некој голем европски тим.
Џирона предводена од Мичел, по 19 одиграни кола во Ла Лига е лидер на табелата заедно со Реал Мадрид со 48 бодови.
Играат динамичен, директен фудбал иако немаат во тимот нема големи фудбалски имиња. Тие ја имаат поддршката од Сити Груп, во чија сопственост е Манчестер сити, но тоа само значи дека се финансиски стабилни, а не дека нужно очекуваа вакви резултати.
Секако, најзаслужен за неверојатните резултати е тренерот Мичел Санчез и затоа не е чудно што одредени клубови се заинтересирани за него.
„Марка“ открива дека Мичел им е интересен на челниците на Њукасл и дека би можеле да тргнат по него доколку Еди Хау не успее да ги подобри резултатите на тимот од „Сент Џејмс Парк“. Потоа, тука е понудата од Олимпик Лион, кој минува низ најголемата криза во поновата историја.
Во овој момент тој не е заинтересиран да си замине од Џирона, но не е исклучено тоа да се случи на лето, особено доколку добие понуда од голем европски клуб.
„Што ако се јави некој како Баерн? Во тој случај јас лично ќе го возам во Минхен. Тој заслужува да управува со сопствената судбина. Ние сме му многу благодарни. Ако некој врвен клуб го сака, а тој сака да си замине ќе биде слободен да го стори тоа Нема да го спречиме“, изјави за „Релево“ спортскиот директор на Џирона, Пере Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неф му овозможи на Фон Алмен да освои уште еден златен медал
Швајцарија повторно го слави Фрањо фон Алмен. По златото во спуст, то стана олимписки првак и во тимската комбинација во тандем со Танги Неф. Натпреварувањето вклучуваше трки во спуст и слалом, а победникот беше одреден со собирање на резултатите.Швајцарија 2 победи пред Австрија 1 и Швајцарија 1.
Поголема заслуга за златниот медал му припаѓа на Неф, кој беше брилијантен во слаломската трка. Фон Алмен беше четврти по спустот, но Танги „Леташе“ по патеката во слаломската трка за да ја стави Швајцарија на првото место.
По него се појавија уште тројца скијачи, но ниту еден од нив не успеа да го надмине неговиот резултат.
Два тима завршија на второто место: Швајцарија 1 со Марко Одермат и Луик Мелар, и Австрија, чиј тим го сочинуваа Винсент Крихмаер и Ману Фелер.
Италијанците останаа без медали, иако Франкони беше во водство по спустот и создаде доволна разлика неговиот тим да освои медал. Сепак, неговиот партнер Алекс Винацер подлегна под притисокот, лошо возеше во слаломската трка и на крајот завршија на седмото место.
Спорт
(Видео) Кадилак плати милиони за да го претстави автомобилот на Супербоул
Кадилак, тим што од оваа сезона ќе се натпреварува во шампионатото на Формула 1 го претстави автомобилот со реклама на Супербоул. Во исто време, реплика на автомобил беше претставена на Тајмс Сквер во Њујорк.
Промоццијата траеше околу 30 секунди и чинеше околу осум милиони долари.
The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our season kicks off March 7th streaming on @AppleTV in the US. pic.twitter.com/NiALWMcqGm
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) February 9, 2026
Новиот тим во Формула 1 одлучи да се претстави таму каде што беа сите очи на светот во исто време – на полувремето од Супербоул во кое Сиетл Сихокс ги победија Њу Ингланд Патриотс.
Болидот во црно и бела боја претставен во рекламата, а во исто време на ајмс Сквер во Њујорк се појави реплика на автомобилот на 11-тиот тим во шампионатот во Ф1.
History in motion. Our 2026 livery. pic.twitter.com/WbaoEpOoDA
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) February 9, 2026
Како што објасни Кадилак, двобојниот дизајн претставува асиметрија „како намерна филозофија на дизајнот, јин-јанг рамнотежа изразена преку остра црно-бела боја каде што храброста, решителноста и перформансите се среќаваат со аспирација, оптимизам и амбиција“.
Кадилак ќе го користи моторот на Фрари, а за тимот ќе возат искусните Валтери Ботас и Серхио Перез.
Новата сезона започнува на 8 март во Австралија.
Спорт
Лилард е повреден, но ќе шутира тројки на Ол стар викендот
Демијан Лилард сè уште не одиграл ниту една минута во тековната НБА сезона поради операција на Ахиловата тетива, но тоа не го спречи да биде учесник на претстојниот Ол-стар викенд.
Организаторите го вклучија меѓу кандидатите за титулата најдобар шутер за три поени во лигата.
Натпреварот во брзо шутирање тројки се одржува оваа сабота, во Лос Анџелес, а за искусниот плејмејкер на Портланд тоа ќе биде шести настап на глобално популарниот спортски спектакл.
Претходно, настапи во 2014, 2019, 2023, 2024 и 2025 година, победи во 2023 година во Солт Лејк Сити и 2024 година во Индијанаполис.
По 13 сезони во НБА, Лилард е петти на листата на најдобри тројкаши во НБА, со 2.804 постигнати тројки.
Овој пат негова конкуренција ќе бидат Девин Букер (Феникс), Кон Книпел (Шарлот), Тајрис Макси (Филаделфија), Донован Мичел (Кливленд), Џамал Мареј (Денвер), Боби Портис (Милвоки) и Норман Пауел (Мајами).
The 2026 State Farm 3-Point Contest field ⬇️
Saturday, Feb. 14 | 5 p.m. ET | NBC & Peacock
Former champ Devin Booker among five 2026 All-Stars.
Two-time winner Damian Lillard can match the record with a third title.
Kon Knueppel can become the first rookie to win the event. pic.twitter.com/W6cI4LdctJ
— NBA Communications (@NBAPR) February 8, 2026

